• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Што се бемките или невусите? Печати

Бемките се пигментни бенигни тумори кои настануваат од меланоцитите (пигментни клетки на епидермисот). Невусите се најчесто стекнати тумори и се развиваат во првите три децентии од животот. Некои не го сметаат за вистински тумори, бидејќи секој човек има повеќе бемки по кожата на телото.

Вродените бемки се јавуваат пред раѓањето, а растат со детето. Можат да бидат многу големи и да покриваат цели делови на телото. Обичните бемки не се склони да се трансформираат во малигни тумори. Најчесто се во ниво на кожата, а можат да бидат и лесно издигнати. Бемките се еднакво пигментирани, со остри ивици спрема околната кожа.

Диспластичниот невус е стекнат и обично има неправилна форма и посебни микроскопски морфолошки карактеристики. Диспластичниот невус може малигно да се трансформира во меланом, најопасен вид на кожен карцином.