• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Како настанува бензенот во безалкохолните пијалоци?

Неодамнешната анализа на безалкохолните пијалоци со етикети на 15 познати произведувачи покажала дека поголемиот дел од нив содржат бензен, токсична супстанција за која се смета дека е канцерогена. Исто така, било утврдено дека количината на бензен расте кога напитоците стојат на сонце една недела, пред продавачите да ги стават на полици. Во тој случај, нивото на бензенот е дури поголем од максимално дозволените вредности во водата за пиење. Како е можно бензенот да се најде во напитоците, пред се во природните, како што се оранжадата, лимонадата, содата и во многу други?

Бензенот е безбоен хемиски елемент со карактеристичен остар мирис. Се наоѓа во течна состојба, но на собна температура испарува и преминува во гасовита состојба. Бензенот е познат како еден од главните загадувачи на воздухот, каде доспева од моторните возила и рафинериите за нафта. Во хемиската индустрија бензенот се користи за произведување на пластика, смола, детергенти, лакови, лепак, мастило и леприви летни. Бензенот го има и во чадот од цигарите.

Дали се виновни два адитиви?

Причината, поради која во безалкохолните пијалоци се нашла оваа токсична супстанција, била брзо откриена. Бензенот е резултат на хемиска реакција помеѓу два адитива, кои често се корисат во производството на освежувачките напитоци, а тоа се натриум бензоатот и аскорбинската киселина, позната како витамин Ц.

Натриум бензоатот има антимикробно дејство, како и сите со закон дозволени адитиви во газираните и негазираните безалкохолни пијалоци. Во дозволена концентрација, овие супстанции го спречуваат развојот на бактериите и габите, кој, во спртивно, би предизвикале расипување на напитоците.

Самите бензоати не се штетни за здравјето, бидејќи се исфрлаат преку мочката. Сепак, кај чувствителните лица може да предизвикаат стомачни проблеми. Бензоатите, освен во безалкохолните пијалоци, поради своето антимикробно дејство, се ставаат и во алкохолните пијалоци, во конзервите риба и во џемовите.

Аскорбинската киселина е всушност витаминот Ц. Станува збор за јак антиоксиданс, значи за корисна состојка, која се бори против слободните радикали во организмот, кои можат да доведат до оштетување на клетките и до развој на многу заболувања. Витаминот Ц е толку здрав што во синтетска форма се додава и на оние намирници и напитоци во кои го нема. Од јужно овошје кај нас се најпопуларни лимонот и портокалот.

Што се случува кога напитокот ќе се збогати со аскорбинска киселина и бензоат? Аскорбинската киселина реагира со бакарот и железото, кои се наоѓаат во водената компонента на напитокот, и ги враќа во првобитна состојба. За време на овој процес настануваат материи кои, во допир со бенозатите, влијаат на стварањето на бензенот.

Стварањето на бензенот се забрзува кога намирницата, која содржи аскорбинска киселина и некој од бензоатите, директно ќе се изложи на топлина и светлина. Тогаш се засилува хемиската реакција помеѓу овие два елементи. Резултатот од ова е создавање на високи концентрации на бензен.

Но тоа не е се. И шеќерот влијае на истата реакција. Кога го има, тој ја оневозможува оваа реакција, а кога го нема, како што е случај со напитоците со малку калории или без шеќер, тогаш тој ја стимулира реакцијата помеѓу двата адитива. Затоа, не е случајно што токму во диеталните (лајт) напитоци се најдени најголеми концентрации на бензен.

Занемарливо присуство на бензен

Треба да се нагласи дека присуството на бензенот во газираните и негазираните пијалоци е занемарливо. Количината на бензенот е толку мала што до пред година - две не можеше да биде откриена со инструментите кои тогаш биле користени. Интересно е дека ниеден закон во светот засега не пропишува горна дозволена граница на бензенот во безалкохолните пијалоци.

Но, затоа постојат ограничувања во водата за пиење. Во Америка горната граница на бензенот во водата за пиење е 5 ppb, додека за Светската здравствена организација (СЗО) горната граница во водата за пиење е 10 ppb. Европскиот закон е најстог и дозволува најмногу 1 ppb бензен во водата за пиење.

Меѓутоа нема специфични органичувања за присуството на бензен во безалкохолните пијалоци. Се користат параметрите на водата, најверојатно бидејќи водата е главната состојка на безалкохолните пијалоци.

Загрижени потрошувачи

И додека едни молчат, а други повикуваат на узбуна, многу луѓе се загрижени од следниве причини:

  • Соковите, во кои би можело да има бензен, почесто ги пијат децата. Често најмладите се тие кои најмногу се „заливаат“ со сокови.
  • Резултатот од хемиската реакција помеѓу двата адитиви (натриум бензоат и аскорбинска кислина) познат е повеќе од 15 години, а за тоа време не е направено ништо за да се спречи стварањето на бензенот во безалкохолните пијалоци, кои најмногу се барани и се трошат во лето. Во минатото, „аферата бензен“ ја дрмаше Америка, Канада, Велика Британија, Германија и Франција. Пред 15 години, од светскиот пазар, поради откривање на бензен, биле повлечени 160 милиони шишиња од познатата вода „Perrier“.
  • Не е точно тврдењето дека употребата на бенозатите како средства против микробите е неоходна. Овие супстанции би можеле да се заменат со други, слични, но помалку опасни супстанции.
  • Непотребен е и додатокот на аскорбинската киселина. Тоа е повеќе комерцијална стратегија која треба да ги натера мајките да купат „напиток полн со Ц витамин“ за своите деца.
  • Колку да е мала количината на бензенот во соковите, сепак, станува збор за несакана хемиска состојка, на која тука не и е место.
  • Не е јасна причината зошто водата со повеќе од 5-10 ppb бензен не е добра за пиење, додека сите сокови се пред законот безбедни, без оглед на количината на бензенот.

Дали ни е здравјето загрозено?

Еве ја и одбраната на оние кои сметаат дека непотребно се дига врева, бидејќи здравјето на човекот не е загрозено. Производителите на сокови го враќаат ударот со следниве тврдења:

  • Двата адитиви кои се користат за правење и конзервирање на соковите се две состојки кои законот ги дозволува.
  • Количините на бензенот, кои можат да се најдат во безалкохолните пијалоци, се релативно ниски во споредба со другите загадувачи.
  • Организмот апсорбира многу повеќе бензен со вдишување на загадениот воздух на улиците, отколку од две-три чаши безалкохолен пијалок.
  • Не постои закон кој пропишува дозволена граница на бензен во соковите.
  • Зголемените вредности на бензенот ,иако секогаш во траги, се резултат на драстичното изложување на соковите на топлина и светлина.

Колкав е ризикот?

И Европската унија и меѓународната агенција за истражување на ракот го вбројуваат бензенот во канцерогени материи, или поточно во „материи за кои е докажано дека предизвикуваат тумори кај луѓето“.

Не е познато акутното дејство на малите количини на бензен на организмот. Но, се знае дека случајното изложување на многу високи дози на бензен (милиони ppb на бензен), може да предизвика акутно оштетување на р`бетниот мозок.

Се стравува, меѓутоа, од долготрајното делување на бензенот, бидејќи станува збор за супстанција која се таложи во организмот. Хроничната изложеност на бензен предизвкува појава на тумори, особено лимфоми и леукемија.

Но, и покрај тоа, нема место за страв од бензен во соковите. Во ниски дози бензенот не го загрозува здравјето. Опасноста е поголема од загадениот воздух, а не од намирниците.

„Консумирањето на занемарлива количина на бензен не може да има исто дејство како секојдневното вдишување на бензен во големите градови Неспоредливо е поопасно да се шета по градските центри или да се пуши во затворени простории и да се вдишува чадот од цигарите. Би требало да се испијат 20 литри сок со бензен дневно за да се добие количината на бензен која секојдневно ја вдишуваме“, вели Емануел Пикарди од Светската здравствена организација.

 

Прочитајте и: