• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Јаболков оцет – природен извор на калиум

Јаболковиот оцет е важна намирница во природната и здрава исхрана, бидејќи содржи многу калиум, кој е неопходен за раст, развој и одржување на еластичноста на ткивата. Калиумот се споредува со калциумот, бидејќи им е неопходен на меките ткива исто како што калциумот им е неоходен на тврдите ткива.

Недостатокот на калиум може да предизвика многубројни тегоби, меѓу кои најтешки се заболувањата на зглобовите. При недостаток на калиум се јавува губиток на животниот елан и чувство на длабоко нерасположение. Луѓето стануваат летаргични, безволни, лесно се заморуваат, чувствуваат физички и душевен замор, почувствителни се на ладно, поподложни на чести настинки, го губат апетитот, чувствуваат гадење, имаат кршливи нокти, слаба коса, сува кожа подложна на инфекции. Сите овие симптоми се јавуваат повремено и тешко може да се открие дека причината е токму недостатокот на калиум.

Со возраста, количината на калиум, која му е потребна на организмот се зголемува. Најбрзо ќе се надокнади калиумот ако наутро на гладно срце и навечер пред спиење се земе напиток од два децилитри вода и една лажичка јаболков оцет. На овој раствор може да му се додаде и една лажичка мед, особено наутро.

Освен што е богат со калиум, јаболковиот оцет има и многубројна лековита примена, бидејќи го врзува калиумот со другите минерални состојки. Богат е со фосфор, калциум, сулфур, железо, хлор, магнезиум, односно со сите минерали кои се наоѓаат во самото јаболко.

Најдобри резултати од примената на јаболковиот оцет се забележени при лекување на хроничен замор, висок крвен притисок, мигрена, воспаление на грлото, вртоглавица, труење со храна (ги уништува штетните бактерии во системот за варење), воспаление на бубрегот, инфекции на мочнот меур и намалување на телесната тежина.

Јаболков оцет за намалување на хроничен замор

За лекување на хроничен замор најдобро е да се зема мешавина на една шоља мед со три лажички јаболков оцет. Навечер пред спиење треба да се земат две лажички од оваа смеса.

Јабоков оцет при воспаление на грлото

При воспаление на грлото, една лажичка јаболков оцет се става во една чаша вода и секој час се испира грлото со овој раствор.

Јаболков оцет за намалување на телесната тежина

За намалување на телесната тежина се препорачува земање на една чаша вода со две лажички јаболков оцет, измеѓу двата оброка. Јаболковиот оцет го забрзува согорувањето на масното ткиво во организмот и го спречува складирањето на мастите во организмот.

Важно:

Потребите за калиум кај секој човек се индивидуални. Се препорачува умерено да се консумира јаболков оцет, доколку постојат симптоми на недостаток на калиум. Секако, не треба да се претера со консумирањето на јаболковиот оцет. Најдобро е за тоа да го информирате вашиот лекар.

 

Прочитајте и: