• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Која е разликата помеѓу бенигните и малигните тумори? Печати

Сите тумори, според нивното биолошко однесување, ги делиме на бенигни и малигни.

Бенигни тумори

Бенигни тумори се развиваат бавно и постепено. Клетките на бенигните тумори се многу слични на клетките на ткивата од кои потекнуваат. Тие се добро диференцирани, растат полека и обично се јасно ограничени од околното здраво ткиво со капсула т.е. се инкапсулирани. Нивното штетно дејство се должи на притисокот што го вршат на соседните органи и така доведуваат до нивно оштетување и промена на нормалната функција. По оперативно отстранување не се развиваат одново и не метастазираат за разлика од малигните тумори кои даваат метастази во далечните органи.

Малигни тумори

Малигните тумори имаат недиференцирани клетки и се карактеризираат со прогресивно растење и продор во околните ткива. Тие немаат капсула. Со тек на време, малигните клетки навлегуваат во крвните и лимфни садови и преку нив пристигнуваат во другите делови на телото, каде што развиваат метастази. Често и после оперативните зафати и другата применета терапија се повторуваат и метастазираат. Доведуваат до интоксикација на организмот и општа слабост.

Постојат тумори и со семималигно однесување, кои вообичаено се нарекуваат локално малигни тумори. Во оваа група тумори потенцирано е локалното растење, додека исклучително ретко се јавуваат далечни метастази.