• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Поддршка: Како да им помогнеме на болните од рак? Печати

Како да им помогнеме емоционално и друштвено на оние кои боледуваат од тешка болест? Како да им помогнеме на нивните семејства? Треба да се прошири онаа народната: Постапувај со другите онака како што би сакал и тие да постапуваат со тебе. Посетата на тешко болниот и на неговото семејство ќе ви помогне и вам и нив.

Немој да ме одбегнуваш! Биди оној кој сака... пријател каков одсекогаш си бил.

  • Допри ме. Едноставниот допир на раката може да ми покаже дека навистина ти значам, а јас нема да се чувствувам така осамен/а.
  • Јави ми се и кажи ми дека ќе донесеш вечера и кажи ми кога ќе дојдеш. Донеси ја храната во садови за еднократна употреба, за да неморам да се грижам за нивното враќање.
  • Погрижи се за моите деца. Понуди ми да ги почуваш, па и ако треба тоа биде и кај тебе. Ми треба слободно време за мојот брачен другар, а на моите деца им треба малку одмор од мојата болест.
  • Плачи со мене која и јас плачам, смеј се кога и јас се смеам. Немој да се плашиш да ги поделиш своите емоции со моите.
  • Изведи ме на прошетка, но пази на тоа колку можам да издржам.
  • Јави ми се пред твојата посета, но немој да се плашиш да ме посетиш. Немој автоматски да претпоставуваш дека болеста бара мирување на сметка на комуникацијата. Потребен си ми, се чувствувам осамено.
  • Помогни ми да ги прославиме празниците украсувајќи ја мојата болничка соба или донеси мали подарови и цвеќе дома.
  • Помогни му на моето семејство. Јас сум болен, но тие трпат. Повикај ги на гости, резервирај места во некој ресторан. Охрабри ги пријателите на мојот брачен другар да поминуваат повеќе време со него или неа. Подобро се чувствувам ако знам дека моето семејство ужива во животот, колку што е тоа можно во оваа ситуација.
  • Биди креативен! Прашај ме кого би сакал да ми го донесеш на посета.
  • Донеси ми часопис или книга или постер за мојот sид, кутија ЦД-ња...
  • Зборувај за „она“. Немој да се плашиш да го употребиш зборот рак или името на било која болест. Откри дали сакам да зборувам за тоа прашувајќи ме: „Дали сакаш да зборуваме за тоа?“
  • Зборувај ми за тоа како живееш, за тоа што се случува во „вистинскиот живот“, за да останам во тек со сето она што се случува во светот. И зборувај ми за иднината, за утре, за следната недела, за следната година.
  • Немој да мислиш дека ние мора постојано да зборуваме. Ние можеме и тивко да седиме заедно и дури да гледаме телевизија или слушаме музика.
  • Можеби некогаш ќе ми треба превоз до болница, до трговскиот центар. Можеш да им помогнеш и на моите деца да присуствуваат на детските веселби или на други случувања.
  • Денеси ми позитивни ставови! Тие ми се неопходни да продолжам да се борам со болеста.
  • Ако морам да пропуштам некои случувања или посебни прилики, направи фотографии за да можам и јас на некој начин да учествувам во тие случувања.
  • Можеш ли да ми помогнеш со средувањето на куќата или во другите секојдневни обврски? За време на мојата болест, моето семејство и јас се соочуваме со валкана облека, куп немиени садови, несредена куќа. Понуди се да ги измиеш садовите, да ја средиш куќата. На пример кажи: „Ќе дојдам во понеделник да ти помогнам да го средиме домот“ и тогаш тоа и направи го. Веројатно нема премногу да те барам ако кажеш: „ Jави ми се некој пат“.
  • Навади го моето цвеќе!
  • Испрати ми картичка на која ќе пишува: „Мислам на тебе“.
  • Кажи ми што би сакал да сториш за мене, и ако јас се сложам, молим те стори го тоа.
  • Помогни ми добро да се чувствувам во врска со мојот изглед. Ако добро изгледам, кажи ми, бидејќи тоа ми е потребно. Ако пак не изгледам добро, немој да ми го кажеш тоа.
  • Дозволи ми јас и моето семејство да бидеме тажни, да се припремаме за она најлошото, ако е потребно. Често пати доброто исплачување може да направи многу повеќе отколку звучното охрабрување.
  • Запамти дека без оглед на тоа како се чувствувам или како изгледам, јас сум од внатре сеуште ЈАС.