• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Исхрана при заболувања на простата

Истражувањето, кое било спроведено во САД на преку 50 000 мажи, покажало дека постои директна поврзаност помеѓу појавата на ракот на простатата и начинот на исхраната кај одредени лица. Ракот на простатата е многу почест кај мажите, кои во својата исхрана внесуваат повеќе масти од животинско потекло, а помалку овошје и зеленчук.

Друг податок, добиен со систематско истражување на голем број мажи во средни години, покажало дека честотата на ракот на простатата е поголема кај мажите кои прекумерно консумираат алкохол.

Зголемената простата или т.н. бенигната хиперплазија на простатата (БПХ) може да се намали или успори со адекватен внес на минералот цинк. Цинкот делува на намалувањето на нивото на хормонот дихидротестостерон (секундарен метаболит на машкиот полов хормон, тестостерон), за кој се знае дека е еден од битните фактори за настанувањето на БПХ и ракот на простатата.

Исто така, докажано е дека клетките на зголемената простата (БПХ) содржат помалку цинк, отколку клетките на здравата простата. Со правилната исхрана ќе се осигура доволен внес на цинк во организмот, бидејќи тој е многу распространет во разните видови на овошје и зеленчук и во интегралните житарици. Особено намирниците кои се користат во медитеранската исхрана содржат во себе големи количини на цинк.

Да потсетиме, цинкот најмногу го има во интегралните житарици, во мешункастиот зеленчук, во оревните, семките од тиквата, морските плодови, рибата. Најбогат природен извор на цинк се морските плодови и некои видови на риба.

Витаминот Е и некои масни кислини (омега-3 масните кислеини), присутни во некои видови на риба (скуша, лосос...), се корисни при заболувањата на простатата, бидејќи го спречуваат дополнителното воспаление на простатата.

Некои лекари истакнуваат дека е потребно да се пие најмалку 2 литра течност дневно и повремено да се зема витамин Б6, кој е природен диуретик.

Особено се препорачува чај од коприва. Истражувањата спроведени во Германија покажале дека екстрактите од коренот на копривата благотворно делуваат кај хиперплазијата на простатата.

Сите други течности кои делуваа диуретично, како што се кафето и алкохолните пијалоци, делуваат надразнувачки на простатата, и дури и во мали количини предизвикуваат големи пореметувања во работата на оваа жлезда. Затоа на лицата кои имаат зголемена простата или рак на простата не им се препорачува да консумираат кафе и алкохолни пијалоци во поголеми количини.

За здрава простата се препорачува и сок од домат, кој содржи многу ликопен, кој е моќен природен антиоксиданс. Ликопенот е докажан антиоксиданс кој помага во отстранувањето на слободните радикали од организмот. Слободните радикали се нестабилни молекули на кислород, кои предизвикуваат рак и други сериозни заболувања. Поради тоа, доматите играат клучна улога во превенцијата и лекувањето на многу сериозни заболувања.

Истражувачите и научно ја потврдиле заштитната улога на ликопенот во настанувањето на ракот на простата, како и во намалување на ризикот за рак на желудникот, на дојката и на кожата. Мажите кои консумираат 10 домати неделно имаат 45% помали шанси да заболат од рак на простата.

Ликопенот може, исто така, да го успори и растот и ширењето на ракот на простата кај лица кои веќе се заболени од оваа малигна болест.

 

Прочитајте и: