• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Што значи идеален туморски маркер? Печати

Туморските маркери се супстанции, кои се наоѓаат во повисоки концентрации од нормалните, во крвта, мочката и/или ткивото на болните со одредени видови на рак. Туморските маркери ги произведува самиот карцином или организмот, како одговор на присутниот карцином или некое друго бенигно заболување.

Нивното мерење и идентификација е корисно за поставување на дијагнозата на малигномите, како и за следење на успехот од терапијата.

Идеален туморски маркер би бил оној кој:

  • може да се открие во крвта и кој би бил позитивен единствено кај пациентите со малигна болест,
  • чија концентрација би соодветствувала со стадиумот на болеста и одговорот на терапијата,
  • кој се излачува во само едно ткиво,
  • кој би бил лесен за мерење,
  • кој може лесно да се повтори.

За жал, ниеден туморски маркер, кој досега е познат, не ги поседува сите овие идеални критериуми.