• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Видови на тумори
Градус и стадиуми Печати

TNM – Класификација според American joint committee on Cancer (AJCC)

Примарен тумор (Т) – дефинициите за класифицирање на примарниот тумор (Т) се идентични за клиничката и за патолошката класификација. Ако големината на туморот се одредува со физикален преглед, тогаш се користат основните групи (Т1, Т2, Т3). Ако се користат други мерења, како мамографски или патолошки мерења, тогаш можат да се користат и подгрупите на Т1 групата. Туморите треба да се мерат со прецизност од 0,1 см.

ТХ - Примарниот тумор не може да се процени

Т0 - Нема доказ за постоење на примарен тумор

Тis - Carcinoma in situ

Tis (DCIS) - Дуктален carcinoma in situ

Tis (LCIS) - Лобуларен carcinoma in situ

Tis (Paget) - Пејџетова болест на брадавката, без тумор во подлабоките делови на дојката

Забелешка: Пејџетовата болест асоцирана со тумор во подлабоките делови на дојката се класифицира според големината на туморот

Т1 - Тумор со помалку од 2 cm во најголемиот дијаметар

Т1mic - Микроинвазивен тумор со најголем дијаметар од 0,1cm или помалку

Т1а - Тумор со најголем дијаметар поголем од 0,1cm, но не поголем од 0,5cm

Т1b - Тумор со најголем дијаметар поголем од 0,5cm, но не поголем од 1cm

Т1с - Тумор со најголем дијаметар поголем од 1cm, но не поголем од 2 cm

Т2_- Тумор со најголем дијаметар поголем од 2cm, но не поголем од 5 cm

Т3 - Тумор поголем од 5 cm со најголемиот дијаметар

Т4 - Тумор со која било големина, но со директна екстензија на ѕидот на градниот кош или кожата, како што е подолу наведено

Т4а - Инфилтрација на ѕидот на градниот кош, без зафаќање на пекторалниот мускул

Т4b - Едем (вклучително и peau d’orange) или улцерација на кожата на дојката или сателитски кожни нодули ограничени на истата дојка

Т4с - Здружени промени од Т4а и Т4b

Т4d - Инфламаторен карцином

Регионални лимфни јазли (N)

NX - Не може да се процени состојбата на регионалните лимфни јазли (на пр. претходно биле отстранети)

N0 - Нема метастази во регионалните лимфни јазли

N1 - Метастази во истострани подвижни аксиларни лимфни јазли

N2 - Метастази во истострани аксиларни лимфни јазли, кои се фиксирани еден за друг или за околните структури; или клинички манифестни истострани лимфни јазли, долж внатрешната мамарна артерија, во отсуство на клинички евидентни метастази во аксиларните лимфни јазли

N2a - Метастази во истостраните аксиларни лимфни јазли, кои се фиксирани еден за друг или за други структури

N2b - Метастази само во клинички манифестни истострани лимфни јазли, долж внатрешната мамарна артерија, во отсуство на клинички евидентни метастази во аксиларните лимфни жлезди

N3 - Метастази во ипсилатералните инфраклавикуларни лимфни јазли, со или без зафаќање на аксиларните јазли, или при клинички манифестни28 ипсилатерални лимфни јазли долж внатрешната мамарна артерија, со присутни клинички евидентни метастази во аксиларните лимфни јазли; или метастази во ипсилатералните супраклавикуларни лимфни јазли со или без зафаќање на аксиларните или лимфните јазли долж внатрешната мамарна артерија

N3a - Метастази во истостраните инфраклавикуларни лимфни јазли

N3b - Метастази во истостраните аксиларни и лимфни јазли долж внатрешната мамарна артерија

N3c - Метастази во истостраните супраклавикуларни лимфни јазли

Метастази (М)

MX - Не може да се процени дали постојат метастази

М0 - Нема метастази

М1 - Докажани метастази

Стадиумот на болеста според критериумите на UICC (International Union Against Cancer, Hermanek, 1987).

Стадиумот на болеста се утврдува според ТNM системот.

Стадиум 0

Тis, N0, M0.

Стадиум I

T1, N0, M0.

Стадиум IIa

T0, N1, M0.

Т1, N1, M0.

T2, N0, M0.

Стадиум IIb

T2, N0, M0.

T3, N0, M0.

Стадиум IIIa

T0, N2, M0.

T1, N2, M0.

T2, N2, M0.

T3, N1-N2, M0.

Стадиум IIIb

T4, кое било N, M0.

кое било Т, Н3, М0.

Стадиум IV

кое било Т, кое било N, M1.

Степен на диференцијација на малигни клетки

Gx - степенот не може да се процени,

G1 - добро диференциран тумор,

G2 - средно диференциран тумор,

G3 – лошо диференциран тумор.