• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Новости од областа на канцерот
Еластографија – ефективна дијагностичка техника за рак на дојка

Еластографијата е ефективна конвенционална дијагностичка техника која, доколку се комбинира со ултразвучниот преглед на дојката, помага во разликувњето на малигните промени на дојката од немалигните односно бенигните промени. Ова се резултатите од студијата која е во тек, а која била презентирана на годишниот конгрес на Radiological Society of North America (RSNA).

Кога мамографијата ќе покаже сомнителни промени во дојката, лекарите често користат ултразвук за да добијат дополнителни корисни информации. Но, ултразвучниот преглед неможе да ја замени биопсијата, бидејќи неможе со сигурност да ги разликува малигните промени на дојката од бенигните.

„Еластографијата може да ни помогне во попрецизно разликување на малигните тумори на дојката од бенигните“, изјавила Dr. Stamatia V. Destounis, специјалист радиолог при Радиолошкиот дијагностички центар со Рочестер.

Еластографијата ја подобрува специфичноста на ултразвукот со користење на конвенционални ултразвучни слики за да се измери цврстината и механичките својства лезијата. Бидејќи канцерските лезии се поцврсти од околните здрави ткива или цисти, помалку компактните лезии на еластографијата се со помала веројатност да бидат малигни.

„Вие може да извршите еластографија во исто време со рачниот ултразвук и да ги видите сликите на екран, со дво-димензионално ултразвучна сликата од лево и еластографска слика од десно“, изјавила Dr. Destounis

Во тековната студија, 179 пациентки биле подложени на ултразвучен преглед и на еластографија. Истражувачкиот тим направил 184 еластографии и извршил биопсии на сите цврсти лезии. Од 134 биопсии, 56 биоспии покажале присуство на рак. Еластографијата открила 98% лезии, кои со биопсијата покажале присуство на малигни клетки и 82% лезии кои на биоспија покажале бенигни промени. Еластографијата била, исто така, поточна од ултразвукот во одредувањето на големината на лезиите.

„Ултразвукот може да ја потцени вистинската големина на лезијата, бидејќи ја гледа само лезијата, а не и околните промени кои лезијата може да ги предизвика", Изјавила Dr. Destounis.

Според проценките на American Cancer Society, во 2009 година ќе има околу 192.370 новодијагностицирани случаи на инвазивен рак на дојка кај жените во САД.

 

Најчитани наслови