• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Болки во пределот на тестисите и анусот Печати
Имам 29 години. Веќе подолго време чувствувам болки во пределот на тестисите и анусот. Имам зачестено мочање, кое е пропратено со пецкање на главата на пенисот. Дали би требало да направам преглед на простатата?
Ви благодарам за одговорот.

Причина за вашите симптоми би можело да биде воспаление во пределот на простатата или долните мочни патишта. Ви советувам да избегнувате зачинета храна, алкохол, газирани пијалоци, како и седење на ладно. Секако, доколку состојбата не се подобри, најдобро е да се јавите на лекар специјалист уролог, кој ќе ве упати на некои основни лабораториски и клинички прегледи. Доколку се утврди постоење на инфекција, ќе има потреба од примена на антибиотска терапија.

Акутното воспаление на простатата или акутното воспаление на мочниот меур и мочните патишта успешно се лекува со примена на антибиотици, кои најдобро е да се даваат според резултатите добиени од антибиограмот. За таа цел се зема брис од главата на пенисот или се прави уринокултура (испитување на присуство на бактерија во мочката ) и се прави микробиолошки преглед. Со овој преглед може да се открие присутната бактерија во секретот или во мочката.