• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Фимоза? Печати
Имам едно мало, за мене непријатно прашање. Но еве, преку интернет ми е некако полесно да прашам и ве молам ако можете да ми одговорите. Имам проблем со половиот орган, поточно кожичката на пенисот не ми иде добро горе доле. Има ли некаква крема за тоа или некое друго решение?

Најверојатно кај вас се работи за фимоза. Фимозата е стеснување на кожичката на пенисот (препуциум), поради што кожичката неможе да се превлече прелу главата на пенисот (гланс). Повеќето деца се ражаат со физиолошка фимоза, која овично се повлекува до 3-тата година од животот или барем до пубертетот. Сепак, кај 1 до 2 % од мажите фимозата останува и по 18-тата година од животот. Неможноста да се навлече препуциумот преку главата на пенисот ги отнива сексуалните односи, а исто така е причина и за инфекции на главата на пенисот.

Поблагата форма на фимоза може да се реши со повлекување на кожичката према назат. Препорака е да се ова прави за бреме на туширање со користење на некоја крема, за да биде кожата помека и поеластична. Одредени резултати дава и терапијата со стероидни креми, но за тоа е најдобро да се јавите кај својот матичен лекар, кој ќе го процени степенот на стеснувањето т.е. фимозата и евентуално ќе ве упати на преглед кај специјалист уролог.

Фимозата денес многу успешно се корегира со мал хируршки зафат - препуциопластика. Ова е поштедна пластична операција во однос на циркумцизијата, која беше до неодамна традиционален метод на лекување на фимозата. При препуциопластиката се рашируваат кожичката и препуциумскиот отвор до потребните димензии, за да може нормално да се повлекува од глансот на пенисот. Предностите на препуциопластиката се: побрзо и побезболно заздравување, помалку несакани компликации и зачувување на препуциумот и неговите функции.