• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Полицистичен јајчник Печати
При ултразвучен преглед ми е дијагностициран полицистичен десен јајчник, додека левиот јајчник ми е уреден. Менструациите ми се многу обилни и траат по 7 дена, поради што сум и лесно слабокрвна Менструациите ми се нередовни, но во последниве десетина месеци се колку толку поредовни (на 30 дена). Имам и вишок на килограми, висина 172 и тежина 85 кг. Дали со еден нормален јајчник можам да планирам бременост? Ве молам за мислење.

Според тоа што сте навеле во вашето писмо, не е вистина дека имате само еден нормалне јајчник. И овој полицистичен јајчник не мора да биде „ненормален“. Наведувате уште неколку детали кои упатуваат на тоа дека имате проблеми со полицистични јајчници или јајчник, но тоа не би требало да ви прави проблем при забременувањето. Ваѓно е да многу прецизно го препознаете времето на овулацијата. Денес е едноставно да се одреди времето на овулација и со користење на LH тест си ленти, кои може да се набават во аптеките. Кога во три циклуси ќе го потврдите повеќе или помалу прецизно времето на овулација, полицистичниот јајчник нема да ви претставува проблем.

Сепак, моја препорака е да се јавите на консултација кај својот гинеколог и да направите некои основни тестови.