• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
ВАШИ ПРАШАЊА: Полипи на телото на матката Печати
На последниот гинеколошки преглед откриено ми е дека имам повеќе полипи на телото на матката. Би сакала да останат бремена, а бидејќи имам 38 години, лекарот ми предложи хируршко отстранување на полипите. Би сакала да знам нешто повеќе за самата метода на отстранување на полипите и дали е тоа навистина единствена метода со која би можел да се реши мојот проблем. Колку што успеав да дознаам, полипите често ожат повторно да се јават и по нивното хируршко отстранување.

Имам малку податоци во вашето писмо врз основа на кои би можела прецизно да ви одговорам. Каков е ритамот на крварењата? Какви се крварењата воопшто, обилни или оскудни? Ова е важно да се знае со оглед на тоа што полипите, а верувам дека зборуваме за полипи на слузницата на матката, обично значат некој вид на хиперстимулација. Полипите секако треба да се отстранат и тоа што е можно поскоро доколку сакате да забремените. Киретажата е најдобар и најбрз начин а отстранување на полипите на матката. Постојат и други конзервативни методи како што е земање на таблети, кои ќе го намалат буењето на слузницата на телото на матката. Но оваа метода не гарантира ниту побрз ниту дефинитивен резултат, т.е. не гарантира исчезнување на попилите, барем не за кратко време.

Затоа ви советувам да се консултирате со вашиот гинеколог и доколку сакате да останете бремена да ги хируршки отстраните полипите во телото на матката. Хируршкото отстранување на полипите е најефикасна и најбрза терапија.

Поздрав

Др. Лилјана Ацева