• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Бемка на вратот Печати
Би сакала да се информирам за една бемка на мојот врат. Пред 2 години јас одев на горење со течен азот за бемките на вратот кај др. Лиле во Румунска болница која е веќе во пензија. Дел од бемките ми паднаа а некои ми останаа меѓу кои и оваа бемка која е црна и набабрена. Пред околу две недели ме запече бемката и ме чешаше, и како да се смалуваше и сушеше. Сабајле кога станав приметив дека бемката сама си паднала а на кожата имам како флека со боја светло кафена накај портокалова па би сакала да знам дали е ова опасно или се исушила и паднала.

Јас би ве советувала да отидете на преглед кај лекар специјалист дерматолог. На Универзитетската Клиниката за дерматологија имаат дерматоскоп. Тоа е прецизна дијагностичка метода за испитување на бемки, која е безболна и неинвазивна. Најдобро е да се јавите на преглед и да видите за што конкретно се работи. Најверојатно станува збор за бенигни себороични кератози, но сепак ви препорачувам преглед.

Поздрав

Др. Л. Ацева