• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Колку често треба да се контролираат бемките? Печати
Имам многу бемки по телото. Досега тие не ме загрижува. Мојата баба ги имаше многу, а и мојата постара сестра има многу повеќе бемки од мене. Но, во последно време се повеќе се зборува за отстранување на опасните бемки. Исто така, се зборува дека бемките треба почесто да се прегледуваат. Па затоа би сакала да ми одговорите колку често треба да се оди на преглед и каде да се обратам за преглед.

Бемките или невусите се промени кои можат да бидат присутни од раѓањето или пак може да се создадат во текот на животот. Секој треба барем еднаш годишно да отиде на контролен преглед кај лекар специјалист – дерматолог. Дерматологот ќе направи детален преглед на сите бемки на кожата и ќе каже за какви бемки се работи. Врз основа на тој првичен прегед ќе следи и редоследот на следните прегледи и контроли. Дерматологот ќе ви каже и како се изведува самопрегледот на кожата. Самопреглед на кожата треба да се прави еднаш месечно. Тој е од голема важност за рано откривање на ракот на кожата.. Обично се изведува така што застануваме пред огледало и внимателно ја прегледуваме кожата по целото тело, вклучувајќи ја и кожата на стапалата.

Посебно, овие самопрегледи треба редовно да ги изведуваат лица кои имаат еден или повеќе фактори на ризик за рак на кожа. Прегледот може да го изведуваме сами или со помош на член од нашето семејство. При тоа следи АBCD правилото. Ако се примети било кој знак според ова правило, треба веднаш да се консултира дерматолог.