• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Расте бројот на фалсификувани лекови во ЕУ Печати

Бројот на фалсификувани лекови во Европската унија постојано се зголемува, а за само два месеци се запленети 34 милиони лажни таблети во текот на царинските контроли во сите земји членки на ЕУ, изјавил европскиот комесар за индустрија Гинтер Ферхојген.

Гинтер Ферхојген истакнал дека најчесто се фалсификувани антибиотиците, лековите против ракот, антималариските лекови, антихолестеролните лекови, лажната „Виагра“ и други лекови.

Продажбата на фалсификувани лекови во ЕУ ја загрижи и Европската комисија, изјавил Ферхојген. Тој очекува земјите на ЕУ да се договорат во 2010 година за мерките кои ќе ги преземат за борбата против фалсификувањето на лекови. Фалсификувањето на лекови, според Ферхојген, е најтежок прекршок кој треба строго да се казнува.

Во јулскиот извештај на ЕУ се нагласува дека голем број од фалсификуваните лекови, кои се запленети во 2008 година, доаѓаат од Индија.