• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Во САД опаѓа бројот на заболени и смртни случаи од рак Печати

Во САД постојано опаѓа бројот на заболените од сите видови на рак, како и бројот на смртни случаи предизвикани од рак. Ова е објавено во годишниот извештај на истражувачите од водечките американски институции за борба против ракот.

Како причина за ова намалување на бројот на заболените од рак и на смртноста од рак во САД се наведува помасовното користење на модерните дијагностички тестови, се попрецизните и пософистицирани дијагностички процедури, кои може порано да го детектираат ракот, како и модерните и поефикасни начини на третман на ракот. Истражувачите го наведуваат и намалувањето на факторите за ризик за настанувањето на некои видови на рак, како што се: пушењето, алкохолот, гојазноста, сексулано преносливите болести.,

Смртноста од ракот глобално се намалила за само 1,6 % во периодот од 2001 до 2006 година. Тоа се должи пред се на намачивањето на бропјот на замолените мажи од рак на простата, рак на дебело црево и рак на бели дробови. Додека пак кај жените е намален бројот на заболени од рак на дојка и рак на дебело црево. Ова допринело да се намали и вкупниот број на заболени од рак во САД.

Најголем пад на честотата е забележан кај ракот на дебелото црево. За ракот на дебелото црево се вели дека е еден од најпревентабилните карциноми и дека со правилна исхрана и правилен и здрав начин на живот може значително да се намали ризикот од настанување на овааа болест.

Во извештајот на американските здруженија за борба против ракот се тврди дека ракот на дебелето црево е намален за 25 % во периодот од 1975 до 2005 година и дека тој пад би требало да продолжи и во наредните години.

Целта е ракот на дебелето црево до 2020 година да се намали за половина, под услов поголем број од пушачите да се откажат од цигарите и да се намали конзумацијата на црвеното месо. Но, проблем е што е забележано дека овој вид на рак е во пораст кај луѓето во САД над 50 годишна возраст.

Во периодот од 2002 до 2006 година смртноста од рак била поголема кај жителите од црна раса во САД. Се претпоставува дека причина за тоа може да биде и недоволната информираност на припадниците од црната раса за важноста на скринингот, односно редовните рутински контроли за ракот, како и недоволна достапност на дијагностичките процедури за откривање на ракот за оваа популација.

Целта на американските институции за борба против ракот е да ги направат достапни скрининзите, дијагностичките процедури и терапиите за ракот за сите жители на САД, независно од расата.