• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Гојазноста во САД – причина за многу случаи на рак Печати

Гојазноста предизвикува секоја година преку 100.000 нови случаи на рак во САД, а оваа бројка веројатно ќе се зголеми бидејќи Американците стануваат се подебели, заклучил Американскиот институт за истражување на ракот - AICR.

Вишокот на масно ткиво е причина за настанувањето на скоро половина од сите случаи на ендометријален карцином - вид на рак на телото на матката, како и за третина случаи на рак на хранопроводникот, изјавуваат научниците од AICR.

Ракот е втора причина за смрт во САД, веднаш по кардиоваскуларните заболувања. Према проценката на Американското здружение за рак, ракот е дијагностициран во 2009 година кај 1,47 милиони Американци, а 562.000 Американци умреле од оваа болест.

Преку 26% Американци се гојазни, што значи дека индексот на телесната маса им е 30 или поголем. Покрај тоа, скоро третина од Американците имаат вишок на телесна тежина (индекс на телесна маса помеѓу 25 и 30).

Научниците од Американскиот институт за истражување на ракот пресметале дека, доколку Американците би биле со нормална телесна тежина, би можеле годишно да се избегнат 35% карциноми на хранопроводникот (односно 5.800 случаи), 28% карциноми на панкреасот (11.900 случаи), 21% карциноми на жолчната кеса (2.000 случаи), 9 % карциноми на дебелото црево (13.200 случаи), 17 % карциноми на дојката (33.000 случаи), 49 % карциноми на матката (20.700 случаи) и 24 % карциноми на бубрегот (13.900 случаи).

Во јули 2009година американските стручњаци пресметале дека за лекување на болестите кои се поврзани со гојазноста отпаѓаат 10% од медицинските трошоци во САД, односно 147 милијарди долари годишно.