• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Дали макробиотската исхрана влече корени од јапонската исхрана?

Макробиотската исхрана вклучува елементи од традиционалната јапонска исхрана. Макробиотската исхрана не е јапонска исхрана, туку вклучува во себе повеќе традиционални исхрани од различни култури. На пример, и вашата баба најверојатно јадела интегрален леб, кисел купус, грав, леќа и други растителни намирници, а многу помалку намирници од животинско потекло, отколку ние што ги јадеме денес.

Американските Индијанци јадат пченка, мешункаст зеленчук и дињи, што сè спаѓа во макробиотска храна. Ако се вратиме неколку генерации наназад ќе видиме дека луѓето, повеќе или помалку, се хранеле така како што препорачува и макробиотиката. Во намирниците пред Втората светска војна, имало само околу 5 -6 хемикалии. Денес во намирниците има неколку илјади хемикалии. На преминот од 19-тиот во 20-тиот век сите јаделе, повеќе или помалку, органска храна. А ако ја погледнете статистиката на нивното здравје, верувале или не, ќе видите дека во тој период срцевите заболувања биле многу ретки. На преминот од 19-иот и 20-иот век, од рак боледувале 1 од 27 луѓе.

Денес од рак заболува секој трет човек. Овие промени корелираат со преминот од традиционална исхрана на модерна, преработена храна богата со масти и вештачки додатоци, хемикалии.

 

Прочитајте и: