• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Новости од областа на канцерот
Ф`стаците може да го намалат ризикот за развој на рак

Ф`стаците се едни од наомилените грицки. Содржат витамин Ц, А, Б6, калциум, железо, тиамин, бакар и манган.

100g ф`стаци содржат 5,9g протеини, 51,6g јагленохидрати, 17,4g масти i 6,5g растителни влакна. Со грицкање на 123g ф`стаци ќе внесеме во организмот 685 калории.

Со секојдневно консумирање на една порција ф`стаци би можел да се намали ризикот за развој на рак, пред сè на ракот на белите дробови, покажале резултатите од најновото истражување. Резултатите од оваа студија биле претставени на конгресот на Американското здружение за рак во Хјустон.

Ф`стаците, како што истакнале истражувачите, содржат „гама-токоферол“, еден од многубројните форми на витаминот Е, кој е познат по своето силно антиоксидативно својство и заштитно дејство против некои видови на рак.

Научниците констатирале дека редовното консумирање на ф`стаци би можело да ја зголеми апсорпцијата на „гама-токоферолот“, што би требало да го намали ризикот за појава на рак на бели дробови и рак на простата.

Во студијата учествувале група испитаници кои секојдневно јаделе околу 100 ф`стаци, што одговара на околу 70 грама.

По неколку седмици, било мерено нивото на „гама-токоферолот“ кај испитаниците. Се покажало дека нивото на „гама-токоферолот“ било многу повисоко кај испитаниците кои консумирале ф`стаци, отколку кај контролната група на испитаници, која не консумирала ф`стаци.

Научниците како добар извор на „гама-токоферол“ ги наведуваат и кикириките, маслото од соја и пченка.

На конгресот било соопштено дека и пивото е многу ефикасно во намалувањето на ризикот за развој на рак поради состојките на хмелот, кој содржи ксантохумол. Ксантохумолот е антиоксиданс, флавоноид од растително потекло, кој може да го блокира дејството на хормонот тестотстерон и на тој начин да го намали ризикот за појава на рак на простата.

 

Најчитани наслови