• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Болка
Болка

Опиоидни аналгетици

Опиоидните аналгетици (за разлика од НСАИЛ и аналгопиретиците) го блокираат спроведувањето на импулсите на болка...
Терапија

Психолошка терапија

Психолошкиот третман претставува безбеден метод, без употреба на лекови, за третман на болката преку намалување на...
Заблуди и вистини за терапијата со морфинот Печати
Индекс на артикл
Заблуди и вистини за терапијата со морфинот
Најчести прашања
Сите страници

Заблуди и вистини во терапијата на канцерската болка поврзани со примената на опиодини аналгетици (морфин)

Терапијата со лекови е „камен темелник“ во ублажувањето на болката кај пациентите со малигни заболувања. Според препораките на СЗО, за пациентите со умерена и јака канецрска болка, лекови од прва линија се опиоидите, а лек на избор морфинот. Хроничната канцерска болка бара постојана медикаментзона терапија (тераписка зависност ), а не давање на лековите по потреба. Но, само околу 50% од пациентите со канцерска болка се лекуваат со аналгетици. Препреките за тоа се професионални, а постојат и препреки од страна на болнот и неговата околина и системски препреки (здравствени организации).

Најважна е професионалната препрека, препрека која ја прават лекарите. Во образовниот програм на лекарите и медицинскиот персонал, многу малку внимание се посветува на медикаментозното лекување на канцеската болка. Лекарите често не знаат да го разликуваат однесувањето на лицата, зависници од морифин и другите опиоиди од нормалното однесување на болните со канцерска болка, кои се лекуваат со морфин или други опиоиди. Синдромот на зависност (dependence syndrome), односно патолошката зависност се дефинира врз основа на следниве критериуми: постојана желба да се користи лекот, губење на контролата на користење на лекот, пореметување на функционалните состојби, вклучувакќи ги тука и занемарување на другите задоволства и интереси, постојано користење на лекот, без оглед на неговите несакани ефекти, толеранцијата и апстиненцијалниот синдром.

Само толеранцијата и апстиненцијалниот синдром не се доволни за поставување на дијагнозата на синдромот на зависност на опиоидните аналгетици. Од друга страна пак, постојаното користење на морфинот или другите опиоиди во лекувањето на хроничната канцерска болка се разликува од нивнотот користење кај болестите на зависност. Кај болните со канцерска болка, кои се лекуваат со морфин и други опиоиди, не постои неодолива „глад“ за лекот, како ниту абнормално однесување на пациентот. Напротив, добрата аналезија овозможува нормално функционирање и подобрување на квалитетот на животот на болниот, па затоа неопходно е потребно лекарот добро да го познава принципот на „тераписка зависност “. Основата на овој принцип е постојаната канцерска болка која бара и постојана контрола со аналгетици давани „по сатница“, а не по потреба. Зголемувањето на дозата на лекот најчесто е условено од прогресијата на болеста, а со тоа и од зголемувањето на јачината на болката, па затоа тоа е неопходно за оптимална аналгезија. Кога ќе се постигне оптималната доза на лекот, тогаш таа обично останува непроменета за подолг временски период. Јатрогено предизвиканата патолошка зависност на опиоидите кај болните со канцерска болка во проспективните студии е многу ретка и забележана е кај околу 2% од болните. Но, кај некои болни кај кои болката не е отстранета, се јавува абнормално однесување кое потсетува на патолошка зависнот. Тоа абднормално однесување се нарекува „псеудозависност“ и се губи со зголемувањето на дозата на лекот. Кога ќе се постигне адекватна, задоволителна аналгезија, се нормализира и однесувањето на пациентот и се подобрува неговата функционална состојба. Нормализирањето на абнормалното однесување на болниот со зголемувањето на дозата на опиоидот ја издвојува псеудозависноста од јатрогената патолошка зависнот.

Со оглед на тоа што канцерската болка се лекува долго време, дозите на аналгетикот треба да се одредат прецизно за секој пациент одделно. Тие дози треба да обезбедат максимален аналгетски ефект и минимални или прифатливи несакани ефекти. При тоа, ризикот од јатрогената зависност кај болните со канцерска болка, кои се лекуваат со морфин или други опиоиди е многу мал, па дури можеби и не постои, па затоа болниот со канцерска болка не треба да живее со нелекувана болка.