• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Луј Пастер во 1858-та година открил дека лукот има антибактериски својства

Научникот Луј Пастер во 1858-та година потврдил дека лукот има антибактериски својства и бил применуван како природен лек против инфекциите, пред пронаоѓањето на антибиотиците.

Лукот содржи околу 200 биолошки активни соединенија, а многу од нив се важни во превенцијата на многу заболувања. Така на пример, супстанцијата алицин, која ја содржи лукот има антивирусно, антибактериско и антигабично дејство.

Покрај тоа, лукот е богат со минерали, калциум, сулфур, фосфор, железо, јаглени хидрати, сулфурни етерични масла, азотни материи, алин, ферменти и витамини: А, Ц и витамини од Б-групата (Б1, Б2, нијацин и др.).

Лукот е и антиоксиданс, бидејќи е богат со аминокиселини кои содржат сулфур.

Како најпопуларен лековит зеленчук на традиционалната медицина, лукот во втората половина од минатиот век станал објект на бројни научни истражувања. Овие истражувања ја потврдиле неговата сестрана лековитост.

 

Прочитајте и: