• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Како витаминот Ц ја заштитува кожата?

Едно од позначајните дерматолошки откритија е откритието за способноста на витаминот Ц да се „спротивстави“ на негативните последици настанати при изложувањето на сончевите зраци.

Витаминот Ц делува на тој начин што ја намалува штетата предизвикана од страна на слободните радикали, споеви кои што настануваат под влијание на надворешни чинители како загадувањето, пушењето, сончевото зрачење, но и како производ на реакциите кои се одвиваат во нашиот организам.

Натрупаните слободни радикали предизвикуваат значителна штета на ткивата и речиси ги „голтаат“ колагенот и еластинот, градбени компоненти на кожата, предизвикувајќи, за почеток, создавање бори на кожата. Витаминот Ц, како моќен антиоксиданс ги неутрализира слободните радикали и на тој начин спречува да дојде до оштетување на кожата. Освен превенција од оштетување, витаминот Ц игра важна улога и во регенерација на веќе оштетената кожа.

Според Американското дерматолошко друштво, дневна количина на витаминот Ц од 500 - 1000 mg, може да биде од голема корист за одржување на здрава кожа. Синтезата на колагенот можно е да се поттикне и со нанесување на креми кои содржат витамин Ц, и тоа во форма на Л-аскорбинска киселина, бидејќи единствено во таа форма витаминот Ц може да продре низ слоевите на кожата и заштитно да делува.

 

Прочитајте и: