• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Болка
Болка

Опиоидни аналгетици

Опиоидните аналгетици (за разлика од НСАИЛ и аналгопиретиците) го блокираат спроведувањето на импулсите на болка...
Терапија

Психолошка терапија

Психолошкиот третман претставува безбеден метод, без употреба на лекови, за третман на болката преку намалување на...
Заблуди и вистини за терапијата со морфинот - Лист 2 Печати
Индекс на артикл
Заблуди и вистини за терапијата со морфинот
Најчести прашања
Сите страници

Најчести прашања на пациенти кои се на терапија со опиоиди (морфин)

Дали карциномот и болката се синоними?

Карциномот и болката не се синоними. Канцерската болка може да се лекува во сите фази на малигното заболување. Методот на СЗО аналгетската скала е едноставен и ефикасен, а лековите се сепак основа во терапијата на канцерската болка.

Со нивната правилна примена можно е отстранување на канцерската болка кај околу 90% од пациентите.

Дали алтернативните опиоидни аналгетици на морфинот имаат предност над морфинот?

Не. Морфинот е лек на избор во терапијата на хроничната јака болка поради својот аналгетски ефект, чисто агонистичко дејство на опиоидните рецептори, добрата подносливост, едноставноста во давањето и во големиот број на начини на негова примена. Тој сеуште останува „златен стандард“ во третманот на јака хронична канцерска болка.

Морфинот треба да се примени само во терминалната фаза на малигното заболување?

Не. При примената на морфинот треба да се раководиме исклучиво според јачината на болката, а не споре процентката на должината на животот на пациентот.

Парентералната примена на морфинот е поефикасна во однос на оралната примена?

Не. Во терапијата на канцерската болка се препорачува оралната примена на морфинот во вид на брзоделувачки и спороделувачки форми. Брзоделувачкиот морфин е идеален во почетната фаза на титрирање на дозата, но мора да се даваат на секои 4 часа. Долгоделувачкиот морфин има предност во терапијата на одржувањето на постигнатиот аналгетски одговор, бидејќи тој озвозможува стабилна контрола на болката во тек на 12 часа и се дава два пати дневно.

Морфинот треба да се дава во стандардна доза и да се почитува максималната дневна доза?

Не постои стандардна поединечна доза на морфинот. Таа индивидуално се титрира во зависност од јачинаат на болката, а дозата за почеток зависи од претходно применетата аналгетска терапија. Почетната дневна доза на оралниот морфин е 60мг, доколку болниот претходно бил лекуван со слаби опиоиди, односно 30мг, доколку болниот претходно примал неопиоидни аналгетици. Доколку болниот бил лекуван со јак опиоид, почетната доза на морфинот се пресметува врз основа на таблици. Не постои максимална, туку само оптимална доза. Оптимална доза на морфин е онаа доза која кај болниот ја отстранува болката, без појава на неподносливи несакани ефекти.

Примената на морфинот е ограничена од несаканите ефекти?

Честотата на несаканите ефекти се намалува со внимателното титрирање на дозата кај секој пациент одделно и со превентивна употреба на лаксативи или антиеметици, односно со примена на симптоматска терапија за ублажување на несаканите ефекти.

Во текот на примената на морфинот постои голема опасност од депресија на дишењето, од развој на толеранција и зависност?

Не. Депресијата на дишењето е многу ретка кај болните кај кои дозата на морфинот внимателно се титрира спрема јачината на болката. Потребата да се дозата на морфинот зголеми за да се постигне ист аналгетски ефект најчесто е резултат на појачувањето на болката поради прогресија на болеста (псеудотолеранција). Апстиненцијалниот синдром може да се избегне со постепено намалување на дозата на морфинот. Болните со хронична болка се зависни од терапиското делување на морфинот и нивните промени во однесувањето (псеудоадикција) не треба да се помешаат со оние пореметувања во однесувањето кои се јавуваат кај зависниците од морфин.

Заклучок

Канцерската болка мора и може да се лекува во сите фази на малигното заболување. Оралниот морфин е јак опиоид и е лек на избор за хроничните јаки и многу јаки канцерски болки.