• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Што јадат вегетаријанците?

Се повеќе луѓе ширум светот ја прифаќаат вегетаријанската исхрана, која се темели на намирници од растително потекло (житарици, овошје, зеленчук, мешункасти и јатчести плодови и семки).

Благотворното делување на вегетаријанската исхрана е докажано во бројни научни студии. Ваквата исхрана е здравствено прифатлива и може да ги обезбеди сите потребни нутритиенти, но само ако е правилно испланирана.

Кога се гледа на вегетаријанците во целина, може да се заклучи дека тие поретко заболуваат од одредени заболувања, како на пример од кардиоваскулани болести, висок крвен притисок, шеќерна болест, рак, гојазност.

Еве што јадат вегетаријанците:

  • Леб, тестенини и друга зрнеста храна од овес, пченица, ориз, хелда, ленено семе, булгур, амарант, просо, јачмен и др.);
  • Овошје - грозје, суво грозје, круши, авокадо, портокали, диња и лубеница, јаболки, банани, сливи, цреши;
  • Зеленчук - печурки, домати, кељ, брокула, блитва, слатки компири, пиперки, аспарагус, краставици, компири, кромид, моркови, зелка, тиква, праз, модар патлиџан, целер, зелена салата, и мешунки - соја, црвен грав, грав, леќа, грашок и производи од нив;
  • јајца;
  • млеко, сирење и јогурт од соја;
  • Јатки и семки - орев, ф'стаци, бразилски ореви, бадем, сусам, семки од тиква, лешник, кикиритки, индиски ореви и др.;
  • растителни масла (пченка, авокадо, маслиново масло, соино масло, сончогледово масло, сончигледово, од кикиритки);
  • слатки - пита, сладолед, торта, колачи;

Клучната работа во здравата вегетаријанска исхрана, или било која исхрана или диета, е да се консумира многу разновидна храна. Едноличната храна, колку и да е здрава, неможе да ги обезбеди сите потребни хранливи материи. Разновидната храна помага да се внесат сите потребни нутритиенти, кои се потребни за одржување на здравјето.

 

Прочитајте и: