• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Водата е извор на животот – еликсир на здравјето

Водата е извор на животот. Човечкиот организам не може да функционира без вода. Човекот може да живее без храна и неколку дена, но без вода ниту еден ден.

Водата е составен дел на телото и претставува 70% од вкупната телесна тежина. Секој систем и процес во телото зависи од водата. Водата ги разградува и пренесува хранливите супстанции низ телото, обезбедувајќи им непречена работа на сите органи. Таа е вклучена во отстранувањето на отровите од виталните органи, во пренесувањето на хранливите материи во клетките и во одржувањето неопходната влажност во ушите, носот и грлото.

Сигурно го знаете правилото кое вели дека треба да внесувате најмалку 8 чаши вода дневно. Ова правило скоро сите го знаат, но не и сите го применуваат. Притоа мораме да имаме во предвид дека газираните пијалоци, соковите, чајот, а особено кафето и алкохолот, ниту хемиски, ниту физиолошки се еквивалентни на чистата изворска вода, ниту пак можат да ја заменат.

Водата секојдневно се губи со дишење, потење, мочање и со варење на храната. Бидејќи човечкиот организам неможе самиот да создава вода, мора да ја надомести со конзумирање на чиста изворска вода и со храна која содржи вода (супи, сосови, овошје – лубеница, диња, портокал, зеленчук – крставици, тиквички, домат ).

На просечен возрасен човек му се потребни од 2,2 до 3 литри вода на ден. Препораките на експертите за исхрана се дека мажите треба да внесуваат 3 литри, а жените 2,2 литри течност дневно.

Кога не се внесува доволно вода во организмот доаѓа до дехидратација.Под дехидратација се подразбира негативен биланс на вода во организмот. Дехидратацијата е пратена со јака жед, сува слузница на устата, отежнат говор. Јазикот е сув и обложен, со збришани папили. Хиповолемијата доведува до тахикардија (забрзана работа на срцето) и ортостатска хипотензија (нагол пад на притисокот при исправување на телото, при нагло станување).

Се јавуваат и симптоми од страна на нервниот систем: наизменично депресија и зголемена надразливост, делириум и кома. Се намалува излачувањето на мочката и таа е концентрирана и темно жолта.

Важно:

За да го сочуваме своето здравје, за да имаме млада, еластична и здрава кожа и за да правилно ни функционира секој дел од нашето тело потребно е секојдневно да консумираме чиста, природа изворска вода. Ова е наједноставен начин да ги превенираме сите болести.

 

Прочитајте и: