• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Зелен чај за цврсти коски

Докажано е дека зелениот чај содржи корисни полифеноли, кои се многу јаки антиоксиданси и кои помагаат во борбата против ракот, но и при диети, кај луѓето кои имаат проблем со спор метаболизам. Сепак, нутриционистите сметат дека не е лошо да се потсетат луѓето зошто зелениот чај е здрав избор.

Не заборавајте, зелениот чај:

Го штити организмот од рак

Лицата кои редовно консумират зелен чај имаат 12% помал ризик да заболат од рак на дојка, покажала кинеската студија која била спроведена на 6.928 жени.

Помага при губиток на килограми

Докажано е да при диети, луѓето побрзо губат килограми доколку наместо вода пијат зелен чај. Лицата кои пиеле зелен чај изгубиле повеќе од 7% масни наслаги отколку луѓето кои пиеле други напитоци, со ист број на калории.

Го намалува ризикот од мозочен удар

Врз основа на 9 научни истражувања било докажано благотворното дејство на зелениот и црниот чај во превенцијата на мозочниот удар. Лицата кои пијат 2 до 3 шољи чај дневно имаат 21 % помал ризик да доживеат мозочен удар.

Ги чува непцата

Во студијата, во која учествувале 940 мажи, било докажано дека оние мажи кои пиеле зелен чај имале појаки и поздрави забни непца.

Ја спречува остеопорозата

Тајванските научници откриле дека високата содржина на полифеноли во зелениот чај ја одржува густината на коските и со тоа ја спречува остеопорозата. Затоа на жените, посебно во периодот на менопаузата им се препорачува да пијат зелен чај во поголеми количини.

Припремање на зелен чај

Никогаш немојте та го преливате земениот чај со врела вода, бидејќи на тој начин се разлагаат танините и се уништуваат витамините и другите корисни состојки во зелениот чај. Идеална температура на водата за чај е 70-80 степени Целзиусови. Кога водата ќе проврие, почекајте неколку минути таа да се олади, а птоа ставете го чајот и оставете го да одстои 1-2 минути. Потоа процедете го, додадете му сок од лимон и засладете го со мед.

 

Прочитајте и: