• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Неколку совети за здрава есен

Во текот на есента важно е да се консумира повеќе коренест зеленчук бидејќи тоа го грее абдоменот, го подобрува варењето на храната, а на тој начин и го јакне имунолошкиот систем. Затоа секојдневно јадете морков, корен од магдонос, пашканат...

Житариците, исто така, треба да имаат важно место во вашата есенска исхрана, а најдобро е да се консумира интегрален кафен ориз. Оризот може да се приготвува на многу начини: варен, пржен, печен, а многу е вкусен и во вид на каша.

Во есен фаворити во исхраната се варивата од зеленчук, кои може да ги зачините со природни билки, на пример со џумбир кој ја поттикнува циркулацијата, го подобрува варењето на храната и ги прочистува дишните патишта.

Ако имате вироза најдобро е да пиете лимонада засладена со јачменов мед, бидејќи тој го олеснува искашлувањето. Секако дека се корисни и природните сокови од овошје и зеленчук. Тие се вистинска ризница на витамини и минерали кои ја јакнат одбрамбената отпорност на организмот.

Во есен треба да се пијат повеќе топли напитоци. Есента е идеално време за чаевите.

Намалете го внесот на слатки, а консумирајте повеќе компоти од овошје. Крушките, јаболките и дињите се овошје со мирис на есента.

Просторот во кој живеете ќе го дезинфицирајте така што во шприц со вода ќе ставите неколку капки етерично масло од чаевец, а потоа ќе го распрснете го по целиот простор. На овој начин по природен пат ќе се заштитите од вирусите и бактериите и нема да ја загадите животната средина.

 

Прочитајте и: