• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Железо - важен минерал за пренесување на кислородот до клетките

Железото е витален нутритиент кој е неопходен за формирањето на здравите црвени крвни зрнца и за преносот на кислородот до клетките. Светската здравствена организација предупредува дека 80% од населението во светот страда од недостиг на железо. Железото е основен и најважен елемент на хемоглобинот, кој го разнесува кислородот во телото, а го зајакнува и природниот одбрамбен механизам на телото.

Организмот не произведува железо, туку го апсорбира преку тенкото црево. Затоа од голема важност е овој минерал да се внесува доволно со исхраната.

Недостигот на железо кај децата предизвикува забавено растење и проблеми во однесувањето. Кај бремените жени, кои имаат дефицит на железо, има голем ризик од предвремено раѓање и мала телесна тежина на новороденчето.

Секој човек може во одреден период од на животот да има недостаток на железо во организмот. Неддостатокот на железо е почест кај жените отколку кај мажите. Во период од 30 дена жените губат повеќе железо од мажите. Утврдено е дека скоро 62% жени постари од 20 години немаат доволна количина на железо во крвта. Недостатокот на железо кај жените се јавува поради недоволното негово внесување со храната, но и поради неговиот губиток за време на менстуацијата.

Најчести симптоми кои се јавуваат поради недостаток на железо се:

  • Општа слабост и малаксаност,
  • Замор и при помала физичка активност,
  • Вртоглавица,
  • Намалена концентрација,
  • Главоболка.

Недостатокот на железото во организмот може да се утврди со едноставна анализа на крвта.

Кои се дневни преопрачани дози на железо?

Потребите за железо се различни во различни периоди од животот. Најмногу железо е потребно во периодот на растењето, т.е. најмногу железо им е потребно на децата и тинејџерите. Исто така и бремените жени и жените со обилна менструација треба да примаат поголемо количество на железо.

Препорачани дневни потреби на железо:

  • Деца (1-10 години) – 7 до 10mg
  • Жени (19 години на нагоре) – 18mg
  • Трудници – 27mg
  • Доилки – 9 до 10mg
  • Мажи (19 години и нагоре) – 8mg

Во која храна го има железото?

Најмногу железо содржи: месото, рибата, јатчестите плодови, гравот и жолчката од јајце, спанаќот, леќата, кивите, јагодите, малините и другото зрнесто овошје, брокулите, карфиолот, компирите, доматите.

Чаша свеж сок од портокал и житарици можат да ја зголемат апсорпцијата на железото во телото. Витаминот Ц му помага на телото да го внесе железото во метаболизмот.

 

Прочитајте и: