• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Препораки за грипот (H1N1 вирус) Печати

Вирусот на грипот А (H1N1), кој неодамна се појави во светот, е нов подтип на вирусот на грипот, кој може да предизвика инфекција кај луѓето, а према извештаите на Светската здравствена организација има генетска структура која досега не е идентификувана никаде во светот.

Постојат сигурни докази дека овој вирус се пренеува од човек на човек. Вирусот предизвикува инфекција, која може да резултира со појава на блага болест со симптоми на вообичаениот грип, а во некои случаи и со симптоми на тешка болест.

Најчести симптоми се:

  • Покачена телесна температура (над 38 степени Целзиусови),
  • Респираторни симптоми како што се кашлање и течење на носот,
  • Треска, општа слабост и замор,
  • Губиток на аптетит,
  • Болки во телото (особено во мускулите)
  • Главоболка,
  • Повраќање или пролив (не се типични сиптоми на грипот, но пријавени се во некои случаи на инфекција со новиот тип на вирусот на грипот).

Како се шири вирусот?

Луѓето се инфицираат со вирусот на грипот А (H1N1) на ист начин како и со вирусот на обичниот сезонски грип. Вирусот H1N1 се шири од човек на човек преку капките кои настануваат при кашлање или кивање на заразеното лице или индиректно кога капките или секретите од носот и грлото ќе дојдат во контакт со рацете или другите површини.

Патувања

Светската здравствена организација, поради ситуацијата со новиот грип, не препорачува никакви ограничувања во меѓународниот промет на луѓето и робата.

Им се советува единствено на оние кои планираат некое меѓународно патување, тоа да го одложат доколку имаат симптоми на инфекција, како што се покачена телесна температура и кашлица, се додека не оздрават.

Им се советува и на луѓето кои се во странство, а кои планираат да се вратат во својата земја, исто така, да го одложат патувањето доколку се болни, сè до нивното оздравување.

Прашања во врска со исхраната

Со оглед на тоа што вирусот на новиот грип има, покрај другото, и некои генски својства на свинската инфлуенца, поради што во почетокот и го доби името „свински“ грип, а подоцна и името „нов грип“, се поставува прашањето дали свинското месо е сигурно за консумирање.

Прво треба да се каже дека свинското месо, приготвено на вообичаен начи т.е. варено и печено не претставува опасност за човечкото здравје, па не треба да постои страв од консумирање на свинско месо. Таков е и службениот став на Светската здравствена организација.

Сепак треба да се нагласи дека општо правило е да месото од заболените животни не се користи во исхраната. Тоа значи дека свињите, за кои е утврдено дека боледуваат од инфлуенца, не смеат да се пуштат во продажба.

Лични мерки за заштита (нефармацевтски) за намалување на ризикот од заразување со вирусот и пренесување на грипот на друго лице

Ризикот од заразување со новиот вирус на грипот може да се намали со спроведување на мерки за лична заштита. Грипот е вирусна болест која се пренесува од човек на човек првенствено преку кашлање и кивање или со индиректен контакт со респираторните излачевини од лицето кое е заразено, преку рацете и контаминираните површини. Препораките кои следат се темелат делумно на доказите добиени од истражувањата, а делумно од епидемиолошките искуства.

Лични мерки за заштита од инфекција

  1. Избегнувајте близок контакт со болните лица. Лицата кои боледуваат од грип имаат еден или повеќе од следниве симптоми: покачена телесна температура, кашлица, болки во грлото, треска, замор, главоболка, болки во мускулите. Исто така треба да се избегнува контакт и со оној помал број на болни кои повраќаат и имаат пролив.
    Бидете оддалечени од болниот барем еден метар и избегнувајте места каде се собира повеќе народ или задимени простории.
    Не ги посетувајте болните доколку тоа не е неопходно (ако не учествувате во негата на болниот).
  2. Често миете ги рацете
    Миењето или дезинфекцијата на рацете ќе ги заштити другите луѓе од вашите микроорганизми. Посебно е важно да се мијат рацете со сапун и топла вода после кивање или кашлање.
    Дезинфекциските средства на база на алкохол го намалуваат количеството на вируси на контаминираните (загадените) раце, но миењето на рацете со сапун и вода е поефикасно.
    Миењето на рацете треба секој пат да трае најмалку дваесетина секунди.
  3. Избегнувајте да ги допирате очите, устата и носот со рацете. Болеста може да се пренесе на тој начин што со контаминираните раце ќе го внесете вирусот во очите, устата или носот.

Лични мерки за заштита на членовите на семејството и другите лица со кои доаѓате во контакт ако сте болни

  1. Водете сметка за респираторната хигиена
    Респираторна хигиена се мерки со кои се спречува изложувањето на другите лица на вашите излачевини од устата и носот, кои можат да бидат заразни. Ако сте болни треба при кашлање и кивање да ги покриете устата и носот со хартиено марамче, кое потоа ќе го фрлите во канта за отпадоци (не го користете марамчето повеќе пати). Ако немате марамче при рака и ако немате можност после тоа веднаш да ги измиете рацете, подобро е да ги покриете устата и носот со подлактицата отколку со дланката.
  2. Често миете ги рацете
    Миењето или дезинфекцијата на рацете ќе ги заштити другите луѓе од вашите микроорганизми. Посебно е важно да се мијат рацете после кивање или кашлање со сапун и топла вода.
    Дезинфекциските средства на база на алкохол го намалуваат количеството на вируси на контаминираните (загадените) раце, но миењето на рацете со сапун и вода е поефикасно.
  3. Не одете на училиште или работа и ограничете го контактот со другите луѓе доколку сте болни. Останете дома.

Покрај овие опишани хигиенски мерки, здравите лица треба да се држат на оддалеченост најмалку од 1 метар од лицето кое има симптоми на грип. Возрасните болни можат да ги заразат другите приближно 5 дена по почетокот на симптомите, а децата се заразни 7 дена од отпочнувањето на симптомите. Цело време додека траат симптомите на грипот, лицето е заразно и може да ја пренесе инфекцијата на друго лице.

Маски за лице

Нема докази дека здравите луѓе можат да се заштитат од инфекцијата со носење на маски за лице (хируршки маски) при одење низ град, обавување на секојдневните активности и други активности за време на траењето на сезонскиот грип или пандемијата. Затоа епидемиолозите (вклучувајќи ги и Светската здравствена организација и Европскиот центар за надзор на заразните болести - ECDC) не го препорачуват користењето на маски за лице од страна на здравите луѓе за време на социјалните контакти.

Употребата на маските за лице би можела да дојде во предвид кај болните лица како би ги заштитиле другите здрави лица во условите на ширење на вирусот А (H1N1) меѓу населението.

Како правилно да се користат и отстранат маските за лице?

Кога користите маска за лице, избегнувајте да ја допирате со рацете. Секој пат кога ќе ја допрете маската со рацете, тие ведаш да ги измиете. Кога маските станат влажни, неопходно е да е да ги замените.

При вадење на маската треба да се води сметка дека надворешната страна на маската е контаминирана (загадена) со микроорганизми. По вадење на маската, таа мора да се фрли во канта за отпадоци, а рацете добро да се измијат со сапум и вода и да се дезинфицираат со дезинфициенс на база на алкохол.