• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Основачки тим на САМОСВЕСТ Печати

Тимот кој работи во рамките на САМОСВЕСТ се одликува со долгогодишно искуство како во невладиниот сектор така и во личните, професионални области кои ги покриваат. Зад нив стојат реализирани повеќе проекти, како регионални така и локални, од областа на здравјето, екологијата и информатиката. Од многуте проекти би можеле да ги издвоиме: Plugin – првата екстранет компјутерска мрежа во Македонија (1997 година), списание за компјутери – Plugin (2001 година), Регионален еколошки прес центар (2003 година), Greenstar Explorers – еколошки соларни проекти во неразвиени заедници (2004), Rak.mk (2008 година), Prostata.mk – веб проект за подигање на свеста кај машката популација во врска со заштита и превенција при заболувањата на простатата (2009 година), Организација на светскиот ден на простатата, 15 септември (2009 година), изработка на едукативни материјали од областа на здравјето и други.

Др Лилјана Ацева-Андонова, претседател и проект менаџер во областа на медицината

Д-р Лилјана Ацева-Андонова е родена во Скопје, каде ги заврши Медицинскиот факултет и специјализацијата по радиотерапија и онкологија. Работи како специјалист, шеф на отсек на одделот за лекување на урогенитални малигни заболувања на Универзитетската Клиника за радиотерапија и онкологија во Скопје.

Како лекар, специјалист од областа на онкологијата има активно учествувано на многу стручни конгреси и симпозиуми кај нас и во странство. Автор е на книгата „Болести на простата - Рак на простата“.

Д-р Ацева особено е активна во едукацијата и подигањето на свеста на македонската популација во областа на медицината и екологијата. Таа е: идеен творец на www.rak.mk и активно работи на неговиот развој и усовршување; иницијатор, основач и активен член на НВО „Здрава простата“; автор на неколку проекти од областа на подигање на свеста на граѓаните за малигните заболувања, како „15 септември, ден на простатата“, „Дознај повеќе за ракот на бубрегот и зачувај го своето здравје“; редовен гостин и соработник на неколку национални телевизии. Своето долгогодишно искуство го преточува и пренесува во активно работење на „САМОСВЕСТ“.

Бојана Ацева-Андонова, основач и проект менаџер во областа на маркетинг и промоција на здрав живот

Бојана Ацева-Андонова e родена во Скопје каде завршува Маркетинг на Економскиот Факултет. Веќе три години активно работи како Аналитичар и Раководител во Кабинетот за привлекување на странски инвестиции. Активно комуницира со клиенти, компании и институции со цел проследување на проекти и учествува во донесување стратегиски одлуки за промоција на Македонија.

Претходно била одговорна за регрутација и маркетинг на Универзитетот Питсбург во Скопје, Односи со јавност за проект на Светска Банка, проект менаџер на Македонскиот Културен центар во Њујорк, тренер за проекти со деца и млади на Уницеф, алумни од студентската мрежа АИЕСЕЦ.

Како дете активно води радио емисии во живо, ТВ емисии како Сител Бамбини и Б-Старс на А1, кантавтор е на „Биди среќен“ - аудио носач на звук, автор и водител на детски фестивали, хуманитарни настани, два краткометражни филмови за Уницеф. Основач на „САМОСВЕСТ“ кој своето разновидно искуство го пренесува во раководење и реализација на проектите.

м-р Драган Андонов, дипл.инг. основач и проект менаџер во областа на информатиката и iSociety

м-р Драган Андонов, дипл.инг. вработен на Факултет за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) Скопје.

Клучни квалификации: Експерт за информатички и комуникациски технологии

Како електроинженер и специјалист за информатичка технологија и автоматизација на индустриски процеси има долгогодишно искуство во областа на системи за мерење и мониторирање на процеси во реално време со голем број на имплементирани проекти во Македонија и во странство. Работи како консултант за развој на технички стандарди, деловни процеси и процедури, статистички анализи и менаџмент известување за индикатори на перформанси.

Како главен истражувач и координатор на повеќе проекти во индустрија, Министерство за наука и за Британскиот совет има реализирано проекти со Интеграција на Бизнис Апликации, Интеграција на Индустриски ИТ системи, Развој и имплементација на компјутерски апликации, Проектен Менаџмент, Изработка на документација за ИТ проекти и др.

Членство во професионални организации: IEEE, ETAI, CIGRE (ICT Commitee)

Преку 100 публикации и репорти, вклучувајќи:

  • Разни ИТ проекти (сумарни прегледи, развој на групвер софтвер, Информациони системи) во Р. Македонија.
  • Разни проекти во идустриска автоматизација, СКАДА системи (цементна и прехрамбена индустрија, водоснабдување) во соработка со домашни и странски компании. Реинженерство, развој на стандарди за ИТ интеграција, трансфер на технологија, имплементација и подршка.
  • Рационално користење на електричната енергија во индустриски погони.
  • IT and SCADA System for monitoring and supervisory control of food and cement process industries (Technology Transfer project sponsored by GTZ)
  • Application development for Health Lifestyle Survey, PHARE project (standards definition, IT network design, application development for the Republic Institute for Health Protection)
  • IT Consultant for office automation and IS implementation at SOIP (State Office for Industrial property Protection), Republic of Macedonia.

Влатко Митов, основач и проект менаџер во областа на екологијата, автор на техничкото решение на www.rak.mk

Влатко Митов е роден во Скопје, а завршува информатика во Ниш. Професионално е заангажиран во раководење и работење на сопствената фирма за веб дизајн и информатички инженеринг „Лили Системи“. Во периодот 1998 до 2002 активно работи во „Еколошкиот прес центар“, невладина организација на еко-новинари, во Скопје. Во тој период работи во делот за развој на интернет технологии во областа на екологијата и го креира првиот еколошки интернет портал на организацијата. Автор е на повеќе веб портали и страници а исто така дел од тимот кој го создава македонскиот часопис за компјутери „Plugin“.

Во работењето на САМОСВЕСТ се вклучува од самиот почеток и автор е на техничкото решение за Македонскиот портал за ракот – www.rak.mk.

Драгана Ацева-Андонова, основач и проект менаџер во областа на маркетинг

Драгана Ацева-Андонова е студент во трета година на Маркетинг на Економскиот Факултет во Скопје. Активно учествува во работата на студентската организација АИЕСЕЦ, како и во креативниот тим на cre8ive8.

Учествувала во реализација на повеќе проекти и семинари: British Council Blue sky summer school во Крушево; летна пракса во маркетинг агенцијата „Идеа плус“, била наратор во документарната серија “Идната генерација “ (18 епизоди за промоција на детски права, спонзорирана од UNICEF); наратор во радио драмата “Болен Дојчин”. Настапувала како пеач и водител на повеќе фестивали во Македонија, Србија, САД, Франција, Турција, Полска, Албанија, како и во снимањето на неколку реклами за ТВ и радио.

Во САМОСВЕСТ е уште од самиот почеток, како основач и активен член на маркетинг тимот. Своето искуство го пренесува во раководење и реализација на проектите.