• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Со маслинки против стрес и настинка

Маслинката е библијска билка, позната од многу одамна. Таа се споменува во Библијата како симбол на мир и добронамерност, но и како симбол на животот и надежта. За старите народи, маслинката била симбол на мудроста. Ова зелено овошје успева само во јужните, топли краеви, бидејќи веќе на 10 степени Целзиусови угинува.

Првите маслинки се насадени речиси пред повеќе од 6000 години, и од тогаш се високоценети во исхраната, медицината и козметиката.

Најценет е плодот на маслинката, кој се јаде сиров или конзервиран. Но, маслинката својата популарност ја стекнала и поради маслото, кое се наоѓа во нејзиниот плод. Плодовите на маслинката содржат дури 35% масло, кое не е само зачин, туку и природен лек. Поради неговите благотворни својства, маслиновото масло се нарекува и „медитеранско злато”.

Маслинките ги содржат витамините А, Б1, Б2 и Б6, фолна киселина, пантотенска киселина и витамин Ц. Тие се богати и со минералните состојки: магнезиум, калциум и калиум, како и со микро елементите: фосфор, сулфур и железо.

Маслинките се добри против стресот и против настинките. Со нивното конзумирање се намалуваат вредностите на LDL холестеролот, се јакнат срцето и крвотокот, се активираат жолчката и црниот дроб, се ослободува од отрови, се намалува крвниот притисоки се ублажуваат ревматските болки.

Од неодамна е откриена уште една корисна состојка на маслинките - екстрактот флавоноид, или олеуропеин, кој и го дава горчливиот вкус. Оваа супстанција содржи значаен спектар на полифеноли, кои ги сузбиваат и неутрализираат слободните радикали во организмот.

 

Прочитајте и: