• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Бадеми за подобро здравје и памтење

Бадемите содржат многу антивоспалителни состојки, растителни влакна и антиоксиданси кои се неопходни за одржување на здравјето кај човекот. Тие го зајакнуваат природниот имунитет кај човекот, го намалуваат крвниот притисок и делуваат поволно на работата на срцето.

Срцевите заболувања се многу често поврзани со неправилната исхрана и пореметениот метаболизам, па на срцевите болни често им се препорачува правилна исхрана богата со здрави масти, какви најчесто се наоѓаат во бадемите

Бадемот е богат со витамин Е, кој како антиоксиданс делува против слободните радикали и е многу ефикасен во превенцијата од инфекции.

Покрај тоа што се вкусни и богати со Е витамин, бадемите се многу корисни во борбата против заборавеноста.

Според најновите истражувања, влакната кои ги содржат бадемите ја блокираат апсорпцијата на мастите.

Докажано е дека после грицкање бадеми во стомакот долго се задржува чувството на задоволство и ситост, што допринесува да следниот оброк биде помал.

Треба да се користат свежи или бланширани, а да се избегнуваат солените, зачинети и пржени во масло бадеми.

Дневната доза која се препорачува се 30 грама бадеми, или приближно 26 зрна. Оваа количина содржи 163 kcal, 6 грама протеини и 14 грама маснотии.

26 зрна бадеми значат и задоволување на дневните потреби за витаминот Е, кој е моќен антиоксиданс и е одличен во превенцијата на малигните заболувања и на Алхајмеровата болест.

 

Прочитајте и: