• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Зошто се јавува гушавост (струма)? Печати

Гушавост или струма е зголемување на штитната жлезда, кое се јавува поради намалена синтеза на хормоните од штитната жлезда и хипотиреоза.

Поради недостаток на хормини од штитната жлезда доаѓа до зголемено лачење на тиротропин, кој доведува до хипертрофија (зголемување на волуменот на клетките, зголемување на бројот на тироцитите (епителни клетки на штитната жлезда) и насобирање на тироглобулин во фоликулите на штитната жлезда.

Со едноставни зборови кажано, штитната жлезда не произведува доволно хормони, па организмот испраќа сигнал за узбуна. Поради тоа, штитната жлезда ја зголемува својата маса за да произведе поголема количина на хормони.

Струмите се делат според причинителот. Можат да бидат спорадични или ендемски.

Ендемските струми настануваат поради хроничен недостаток на јод во водата и храната, а се јавуваат во одредени географски подрачја. Освен поради недостаток на јод во исхраната, гушавоста може да се јави и како последица на разни вродени пореметувања. Може да се јави за време на пубертетот или бременоста и биде предизвикана од често консумирање на одредена храна. Имено, постојат материи кои го блокираат метаболизмот на јодот, кои во големи количини се наожаат во зелката, репата, кељот и сличните билки. Нивната преголема консумација со храната може да доведе до симптоми на гушавост.

Истражувањата покажале дека струмата се јавува 8 пати почесто кај жените отколку кај мажите.

При помало зголемување на штитната жлезда доаѓа само до мал притисок во долниот дел на врато. При поголеми струми може да дојде и до проблеми со дишењето и голтањето.

Понекогаш струмата се наоѓа ниско на вратот и доколку е слабо изразена, често може да се превиди при преглед.

Терапијата на струмата се состои во давање на хормони од штитната жлезда и намалување на волуменот на жлездата со операција.