• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Безглутеинска диета Печати

Кај лицата со целијакија постои неподноливост на глутен. Глутенот по градба е белковина, која кај луѓето кои не го поднесуваат, доведува до уништување на слузницата на тенкото црево, која со тоа ја губи способноста за ресорпција на хранливите состојки.

Доколку преку храна се внесе глутен, дури и во минимални количини, храната едноставно не се задржува во организмот, туку се исфрла преку течни и обилни столици, па така излегува од организмот и ништо не се задржува од хранливите материи. Столиците се со карактеристичен мирис, кашести, обилни и со несварени остатоци од храната. На оваа болест треба да се посомневаме доколку лицето има хроничен пролив проследен со губење на тежина и застој во растот.

За оваа болест не постојат лекови за излекување. Заболеното лице живее сосема нормално, но само ако строго се придржува на безглутеинска диета,

Дозволено

  • Леб: од пченкарно, оризово, компирово или соино брашно, како и сите други производи од ова брашно (кифли, погача, пудинг, качамак и др.)
  • Месо: Сите видови на месо, риба, живина.
  • Млеко: слатко и кисело млеко, млечни производи, јајца.
  • Зеленчук и овошје: сите видови.
  • Супи: бистри супи од месо или зеленчук или згуснати супи со павлака, сок од патлиџан или пченкарен скроб.
  • Слатки: оризов пудинг, пудинг од пченка, шеќер, слатко, мед, џемови, сутлијаш.
  • Напивки: овошни сокови, чај, какао, кафе.
  • Кулинарска обработка: сурова храна, варена, печена или пржена (забранета е само похована храна).

Забрането

  • Леб: обичен пченкарен леб, бисквити, колачи, макарони, шпагети и се што е направено од пченично, јачменово, ржано или овесно брашно.
  • Месо: пржено во брашно или презла, конзервирано месо, мрсни меса.
  • Млеко: доколку не се поднесува.
  • Зеленчук и овошје: зеленчук подготвен со брашно.
  • Супи: згуснати со брашно.
  • Слатки: колачи и бисквити од пченично брашно, обичен пудинг.
  • Напивки: пиво, алкоолни пијалоци.