• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Видови на тумори
Третмански опции - Лист 9 Печати
Индекс на артикл
Третмански опции
Хируршки третман
Постоперативна зрачна терапија
Радиотерапија по направена поштедна операција на дојка
Адјувантна системска хемотерапија
Системска терапија
Неоадјувантна хемотерапија
Имунотерапија
Локално напреднат и метастатски рак
Лекување на локален рецидив
Следење
Сите страници

Локално напреднат рак на дојката ( Т3b, T4, NX, M0)

Кај пациентки со локално напреднат карцином на дојка се спроведува комбинирана (локална радиотерапија) и системска (хемотерапија и хормонотерапија) терапија.

Ако туморот не е фиксиран за подлогата, односно за sидот на градниот кош, и ако кожата над туморот не е зафатена, во голем број на случаи се применува палијативен хируршки третман. Целта на оваа палијативна хируршка метода е да се отстрани туморската маса, со што ќе се овозможи и подобра локална контрола на болеста. По оваа т.н. циторедукција, следи постоперативна радиотерапија и системска терапија (хемотерапија и хормонотерапија ).

Кај локално напреднат карцином на дојка, често се применува т.н. „сендвич-терапија“. Тоа значи дека се започнува прво во 2-3 циклуси на хемотерапија, после кои следува радиотерапија (се озрачува дојката до доза од 60-70 Gy и регионалните лимфни јазли до 50 Gy, а потоа се продолжува со хемотерапија на одржување.

Метастаски карцином на дојка

Терапијата е системска со примена на хемотерапија и хормонотерапија, додека радиотерапијата се користи во палијативни цели т.е. како симптоматска, со цел да се намалат одредени симптоми и знаци на болеста (како на пример: болката, крварењето, компресијата), со што се значително подобрува квалитетот на живот на пациентката.