• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Видови на тумори
Третмански опции - Лист 7 Печати
Индекс на артикл
Третмански опции
Хируршки третман
Постоперативна зрачна терапија
Радиотерапија по направена поштедна операција на дојка
Адјувантна системска хемотерапија
Системска терапија
Неоадјувантна хемотерапија
Имунотерапија
Локално напреднат и метастатски рак
Лекување на локален рецидив
Следење
Сите страници

Неоадјувантна хемотерапија

Неоадјувантната хемотерапија се применува пред оперативниот третман. Целта на овој вид хемотерапија е да ја намали туморската маса и да ја од неоперабилна претвори во операбилна. Обично се спроведува со 3 до 4 циклуси на хемотерапија после кои следи оперативниот третман. Лекувањето по оперативниот третман продолжува со дополнителни 3- 4 циклуси на хемотерапија и со радиотерапија.

Нема добри квалитетни докази дека нема разлика во долготрајното преживување ако истата хемотерапија се даде пред отколку по операцијата за пациенти со операбилни карциноми на дојка, со додадена корист од тоа што се чини дека неоадјувантната хемотерапија е асоцирана со редукција во потребите за мастектомија.

Честопати е понудено да се забрза операцијата кај жени било со Т3 тумори кај кои мастектомијата може да биде тешка за изведување, било со големи Т2-Т3 тумори каде што зачувувањето на дојката не е можно во моментот, но би било соодветно ако туморите биле помали. Има некои докази што покажуваат дека типот на дадената хемотерапија може да влијае врз бројот на комплетните патолошки одговори, кои се гледаат, иако разликата помеѓу режимите не е секогаш очигледна.

Неоадјувантната хемотерапија треба да биде земена предвид за жени со големи малигни тумори, бидејќи таа ја подобрува стапката на зачувување на дојката и не е негативна во однос на долготрајниот исход на болеста.