• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Видови на тумори
Третмански опции - Лист 6 Печати
Индекс на артикл
Третмански опции
Хируршки третман
Постоперативна зрачна терапија
Радиотерапија по направена поштедна операција на дојка
Адјувантна системска хемотерапија
Системска терапија
Неоадјувантна хемотерапија
Имунотерапија
Локално напреднат и метастатски рак
Лекување на локален рецидив
Следење
Сите страници

Системска терапија

Способноста на постоперативната адјувантна хемотерапија да го редуцира ризикот од повторна појава и смрт од карцином на дојка била утврдена со серии метаанализи од многу клинички испитувања. Концептот на адјувантната хемотерапија е тежок за многу пациенти. Честопати е тешко да се објаснат причините за давање токсичен третман, кој би излекувал само мал број од оние што го примаат, додека пропорцијата да се има некоја корист ќе зависи од вкупниот ризик за повторна појава на болеста. Важно е да им се помогне на пациентите да направат коректни избори за третманот, со оглед на тоа што хемотерапијата вообичаено го нарушува и квалитетот на живот.

Нема јасен консензус за тоа како треба да бидат секвенционирани поединечните хемотерапевтски лекови. Лековите вообичаено се комбинираат и има ограничени докази дека блокирање на секвенционалната администрација може да биде подобро. Со поддршка со стимулативен фактор на колонии на гранулоцити, можат да бидат дадени повеќе режими „со погуста доза", кои, пак, можат да го подобрат преживувањето без болест. Стимулативните фактори на колонии на гранулоцити се достапни како пегилирани (бавноослободувачки депоа) препарати, кои се даваат еднаш во тек на хемотерапевтски циклус, кои можат да бидат ефективни како и стандардниот препарат и можат да бидат подобри во превенирањето на неутропеничната треска. Резултатите од понатамошните клинички испитувања се очекуваат. Биолошките маркери, кои служат за да се предвиди ризикот од релапс, се покажале како ефективни, иако отежнувањето во регрутацијата на пациенти во такви клинички испитувања сугерира дека се сè уште попотребни поедноставени отколку веродостојни тестови.

Кај жени над 70-годишна возраст има недостаток на податоци за користа од адјувантната хемотерапија, без јасен доказ за или против нејзината употреба.

Нема податоци што сугерираат дека степенот на корист може да биде редуциран со покачување на возраста. Има докази дека употребата на структурирано визуелно помагало може да ги подобри сатисфакцијата на пациентот и разбирањето на рационалноста за употреба на адјувантна хемотерапија. Одлуката во поглед на тоа на кои пациенти треба да им биде понудена адјувантна хемотерапија се базира врз анализата на ризик-користа направена врз основа на нивните туморски детали, вклучително и тоа дали ракот бил или не откриен со помош на скрининг; возраста; и типот на терапијата што е понудена. Во утврдување на прогнозата, има бројни средства што се достапни, од упатства до биолошки анализи и едноставни и комплексни математички/компјутерски модели, но ниту еден модел не бил валидиран во проспективно-рандомизирано клиничко испитување. Хемотерапијата има негативен ефект врз сексуалноста на пациентот, која не се разрешува по прекинување на третманот. Додавањето хормонска терапија кон хемотерапијата не ја нарушува понатаму сексуалноста (иако употребата само на хормонална терапија ја нарушува сексуалната функција).

Сите жени под 70-годишна возраст, со карцином на дојка во ран стадиум, треба да бидат земени предвид за адјувантна хемотерапија.

Некои од корисните ефекти на адјувантната хемотерапија можат да бидат регулирани со оваријална супресија. Оние пациентки што стануваат аменореични за време на хемотерапијата имаат помалку релапси. Ендокрината терапија сама по себе (оваријална супресија со или без тамоксифен), кај пременопаузални жени над 35 години со среден или висок ризик за естроген-рецептор (ЕR) позитивни тумори, е ефективна како и самата хемотерапија со циклофосфамид, methotrexate и 5-флуороурацил (CMF) и дури може да биде супериорна. Други студии пронашле дека додавањето на CMF хемотерапијата кон тамоксифен е од корист за пременопаузални жени со вклучени помалку од четири аксиларни лимфни јазли.

Има малку податоци околу додавањето тамоксифен (хормонотерапија) кон хемотерапијата кај пременопаузалните жени, иако нема докази дека тоа не е од дополнителна корист.

Слично на ова, нема јасни податоци за користа од дополнителната оваријална супресија кај жени со хормон-рецептор позитивни тумори, кои веќе примаат хемотерапија и тамоксифен. Пациентите со карцином на дојка на возраст помала од 35 години имаат понизок степен на преживување и повисока стапка на релапси отколку постарите пациенти.

Во студија во која повеќето пациенти не примиле дополнителна ендокрина терапија, помладите пациенти со естроген-рецептор позитивна болест имале понизок степен на стапки на преживување отколку оние со естроген-рецептор негативна болест. Ако не се даде хормонска терапија кај помлади пациенти, може да биде многу негативно за исходот на нивната болест.

Жените со естроген-рецептор позитивни тумори коишто примаат хемотерапија треба да бидат земени предвид за дополнителна ендокрина терапија, особено ако тие се под 35-годишна возраст.