• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Видови на тумори
Третмански опции - Лист 5 Печати
Индекс на артикл
Третмански опции
Хируршки третман
Постоперативна зрачна терапија
Радиотерапија по направена поштедна операција на дојка
Адјувантна системска хемотерапија
Системска терапија
Неоадјувантна хемотерапија
Имунотерапија
Локално напреднат и метастатски рак
Лекување на локален рецидив
Следење
Сите страници

Хемотерапија кај рак на дојка

Се претпоставува дека ракот на дојката, веќе во моментот на дијагностицирање е веќе дисеминиран процес, па затоа голем број автори сметааат дека посопераативно терба да се примени и системска терапија т.е. терапија која ќе го опфати целиот организам. Затоа кај некои пациентки се спроведува и постоперативна или т.н. адјувантна системска хемотерапија.

Адјувантна системска хемотерапија

Селекционирањето на најсоодветната адјувантна системска терапија се базира врз прогностичките фактори коишто ни даваат индикација за големината на ризикот за релапс или смрт од рак на дојка кај индивидуалниот пациент. Потенцијалната корист од адјувантната терапија мора, исто така, да се процени и во однос на возраста, општата здравствена состојба, како и желбите на пациентот.

Клуч за евалуирање на потенцијалното влијание на адјувантната терапија е проценката на апсолутниот ризик од појава на рецидив кај поединечни жени. Развиени се неколку прогностички формулации, засновани примарно врз големината на туморот, хистолошкиот градус и зафатеноста на лимфните јазли. Според публикуваните податоци од контролни групи од неколку рандомизирани студии за адјувантна терапија, вкупното 10-годишно преживување од карцином на дојка, со хистолошки негативни лимфни јазли, за пациентки под 50-годишна возраст изнесува 71,9%, а во старосната група од 50-69 години е 64,8%, додека кај пациентките со позитивни лимфни јазли изнесува 42,4% и 46,3% за гореспомeнатите старосни групи соодветно.

Зафатеноста на аксиларните лимфни јазли останува и понатаму најзначајниот индикатор на ризикот од рецидивирање и смрт, при што зафаќањето на повеќе од 4 јазли се поврзува со особено висок ризик. За карциномите што не ги зафатиле лимфните јазли, генерално постои согласност дека големината на туморот е најзначајниот прогностичен фактор за дефинирање на ризикот од релапс на болеста.

Опишани се уште неколку други прогностички показатели, кои сè уште не си го нашле своето место во рутинската практика. Концентрацијата на стероидни рецептори, која има дефинитивна прогностичка вредност за одговорот на хормонотерапијата на ракот на дојка, е една од нив, но таа претставува само слаб прогностички фактори кај рана болест.

Поволни прогностички фактори (пациенти со низок ризик) се:

  • хистолошки градус (градус I),
  • хистолошки тип (тубуларен, медуларен),
  • нуклеарен градус (градус 1),
  • естроген рецептор (+),
  • прогестерон рецептор (+),
  • плоидност (диплоид),
  • процент на С фазата (< од 7 %),
  • катепсин Д (<30 ),
  • негативна онкогена експресија на п 53 и Хер 2 неу.

Неповолни прогностички фактори (пациенти со висок ризик) се:

  • тумор поголем од 3 cm во дијаметар, независно од кој и да е друг прогностички фактор,
  • тумор поголем од 1 cm во дијаметар, заедно со кој и да е друг неповолен прогностички фактор (градус 3, естроген рецептор негативен),
  • инвазивен дуктален карцином со нуклеарен градус 2 и 3 и со инвазивен фокус,
  • 5 mm во дијаметар,
  • естроген рецептор(-),
  • онкогена експресија на Хер 2/неу и p53,
  • карцином со сквамозна метаплазија.

Според тоа како фактори за примена на адјуавантна системска хемотерапија се наведуваат:

  • возраста - менструалниот статус,
  • големина на туморот (> 2см),
  • хистолошки позитивни лимфни јазли,
  • хистолошки градус (G2,G3), независно од големината на туморот и состојбата на аксиларните лимфни јазли,
  • негативни хормонски рецептори,
  • Брзина на пролиферација на малигните клетки (со одредување на S-фаза).

Адјувантната хемотерапија се применува кај:

  • жени во пременопауза со позитивни аксиларни лимфни јазли,
  • жени во постменопауза со позитивни аксиларни лимфни јазли и негативни хормонски рецептори. Кај жени во постменопауза, со позитивни аксирални лимфни јазли и позитивни хормски рецептори, се користи хормонска терапија (tamoxifen во тек на 3 години).