• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Видови на тумори
Третмански опции - Лист 4 Печати
Индекс на артикл
Третмански опции
Хируршки третман
Постоперативна зрачна терапија
Радиотерапија по направена поштедна операција на дојка
Адјувантна системска хемотерапија
Системска терапија
Неоадјувантна хемотерапија
Имунотерапија
Локално напреднат и метастатски рак
Лекување на локален рецидив
Следење
Сите страници

Радиотерапија по направена поштедна операција на дојка

По спроведената поштедна операција на дојката се спроведува постоперативна радиотерапија. Во зависност од патолошката pTNM класификација се озрачува или само дојката или истовремено и регионалните лимфни јазли. Дојката се зрачи со линеарен акцеретратор со фотони со висока енергија (8 MeV). Се применува техника со две хомогени тангенцијални (коси полиња, под агол) при што се опфаќа целата дојка. Се применува фракционирано зрачење, со дневна доза од 200cGy и тотална туморска доза од 50 Gy. Зрачењето се спроведува секој ден, 5 дена во неделата, од понеделник до петок, со пауза за викенд, во тек на 5 недели. По остварувањето на дозата од 50Gy , зраќењето продолжува со помало поле, кое го опфаќа само лежиштето на туморот, при што се додава дополнителна „boost“ доза од 10 – 20 Gy. Оваа дополнителна доза се остварува со примена на фотони или електрони (10-12-14 MeV). Или со интерстициелна терапиај со радиоактивен иридиум (Ir 192). На тој начин се остварува доза од 60 до 70 Gy во пределот на туморкото лежиште, која обезбедува добра локална контрола на болеста.

Целта на постоперативната радиотерапија на дојката, по реализираната поштедна операција, е да ги уништи и евентуално присутните туморски микрофокуси во преостанатото ткиво на дојката.

Бројните клинички студии покажале дека кај пациентки во стадиум I и II на болеста, конзервирачките оперативни методи комбинирани со постоперативна радиотерапија, даваат исти резултати како и кај мастектомираните пациеентки, во однос на севкупното преживување како и во слободниот интервал до прогресија на болеста, односно до метастазирањето. Рецидивноста е 7.0 наспроти 2.2 (Veronesi).

На процентот на појавата на локален рецидив при поќтедните оперативни методи на лекување, влијаат: статусот на аксиларните лимфни јазли, хистолошкиот градус на туморот (G), радикалноста на оперативниот третман ( дали постои присуство или отсуство на тумор на ивиците на хируршкиот материјал, како од тоа дали е спроведена или не дополнителна „boost“ доза во пределот на туморкото лежиште.

Помал процент на локални рецидиви е забележан кај пациентки со негативен наод на аксиларните лимфни јазли (непостоење на метастази во јазлите во пазувата), кај пациентки со низок градус (G1) т.е. со добро диференциран тумор, кај пациентки кај кои е направен радикален оперативен третман т.е кои имаат чисти хируршки ивици на оперативниот материјал и кај пациентки кај кој е спроведена и дополнителна „boost“доза во пределот на туморкото лежиште.

Хируршкиот третман и постоперативната радиотерапија се локорегионални методи на лекување и даваат локална контрола на болеста. Бидејќи ракот на дојката се смета за системска болест, кај некои пациентки постои потреба и од примена на системска терапија. Системската терапија подразбира примена на хемотерапија, хормонотерапија, имунотерапија и целна (таргет) терапија.