• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Видови на тумори
Третмански опции - Лист 3 Печати
Индекс на артикл
Третмански опции
Хируршки третман
Постоперативна зрачна терапија
Радиотерапија по направена поштедна операција на дојка
Адјувантна системска хемотерапија
Системска терапија
Неоадјувантна хемотерапија
Имунотерапија
Локално напреднат и метастатски рак
Лекување на локален рецидив
Следење
Сите страници

Постоперативна зрачна терапија

Радиотерапијата се спроведува по реализираниот оперативен третман. Таа се спроведува како при реализирана радикална мастектомија, така и по спроведувањето на поштедните хируршки операции.

Радиотерапија по направена радикална мастектомија

По извршената радикална мастектомија, со радиотерапијата се постигнува подобра локална контрола на болеста и се намалува ризикот од појава на локорегионални рецидиви. Во зависност од pTNM – класификацијата (која се прави при преглед на оперативниот материјал), се одредува и зрачната терапија.

Кај пациентки со стадиум I и II на болеста, со добро диференцирани тумори (градус 1) и хистолошки негативни аксиларни лимфни јазли, доволна е само мастектомијата и кај нив не се спроведува постоперативна зрачна терапија.

Кај пациенетки со средно добро и лошо диференцирани тумори (градус 2 и 3) и со присутни метастази во аксиларните лимфни јазли, се применува постоперативна радиотерапија и хемотерапија. На тој начин се подобрува локорегионалната контрола на болеста и се превенира метастазирањето.

Радиотерапијата се спроведува со линеарен акцелератор, користејќи електрони со висока енергија (8-10 MeV). Зрачното поле го опфата торакалниот sид. Зрачењето се спроведува фракционирано, што значи во дневни сеанси од по 200 cGy дневно, до постигнување на тотална туморска доза од 50Gy. Тоа значи дека се спроведуваат вкупно 25 зрачни сеанси во тек на 5 недели (од понеделник до петок со пауза за време на викендите).

Доколку посроти индикација се озрачуваат и аксиларните, супра и инфракалвикуланите лимфни јазли (над и под клучната коска). Индикација за озрачување на овие регии е присуство на метастази во повеќе од 3 аксиларни лимфни јазли, или пак доколку постои пробив на капсулата на еден аксиларен лимфен јазол). Зрачењето се спроведува со линеарен акцелератор користејќи електорни со висока енергија (10-12MeV) при што се остварува вкупна туморска доза од 50 Gy (200cGy во тек на 5 недели).

Планирањето на зрачниот третман се врши со помоч на КТ симулатор, при што точно се утврдува големината и формата на зрачното поле, користејки софистицирана 3 димензионална конформална зрачна техника. На тој начин се овозможува прецизно озрачување, со поштеда на околното здраво ткиво.

Статистиката покажала дека радиотерапијата има сигнификанта улога во намалувањето на локорегионалните рецидиви. Така, кај пациентки кај кои е спроведена постоперативна радиотерапија, се јавиле рецидиви само во 5- 7 %, за разлика од 20-30% кај пациентки кои биле третирани само со мастектомија и кај кои не била спроведена постоперативна радиотерапија.