• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Видови на тумори
Третмански опции - Лист 11 Печати
Индекс на артикл
Третмански опции
Хируршки третман
Постоперативна зрачна терапија
Радиотерапија по направена поштедна операција на дојка
Адјувантна системска хемотерапија
Системска терапија
Неоадјувантна хемотерапија
Имунотерапија
Локално напреднат и метастатски рак
Лекување на локален рецидив
Следење
Сите страници

Следење

Најголем дел од пациентките заболени од карцином на дојка го завршуваат третманот, по што се враќаат во своите домови. Таму за нив се грижат нивните матични лекари и другите медицински лица вклучени во примарното здравство, но многу од нив исто така се следат и во онколошките центри. Пациентките што се јавуваат на контролни прегледи по завршениот третман можат да се поделат во 2 групи:

  • пациентки што завршиле со примарниот третман и се во ремисија
  • пациентки со активна болест, т.е. пациентки со локално напредната и/или метастатска болест.

Следењето на болните по примарната терапија се спроведува со цел порано да се открие евентуалниот релапс на болеста и со евентуално порано отпочнатиот третман да се подобри квалитетот на живот. Ретроспективните студии укажуваат на фактот дека историјата на болеста и физичкиот преглед откриваат 50 до 90% од релапсите.

Пациентките со рак на дојка, лекувани со куративна цел, се следат на секои 3 месеци во првите 3 години, а потоа на секои 6 месеци во наредните 2 години и потоа еднаш годишно. При контролните пегледи внимателно се зема анамнеза, се прави детален физикален преглед, како и се вршат рутински лабораториски испитувања (хепаталини ензими, алкална и кисела фосфатаза и електролити, посебно калицум, туморски маркери). Како рутински дијагностички процедури во тек на следењето се наведуваат: рендгенграфија на белите дробови и ехо на абдомен, кои се прават на секои 6 месеци.

При постоење на сомнителен наод за рецидив или за прогрес на болеста, се прават и други дополнителни испитувања, слични на оние при поставување на дијагноза на болеста.