• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Видови на тумори
Третмански опции - Лист 2 Печати
Индекс на артикл
Третмански опции
Хируршки третман
Постоперативна зрачна терапија
Радиотерапија по направена поштедна операција на дојка
Адјувантна системска хемотерапија
Системска терапија
Неоадјувантна хемотерапија
Имунотерапија
Локално напреднат и метастатски рак
Лекување на локален рецидив
Следење
Сите страници

Хируршки третман на рак на дојка

Хируршкиот третман останува основен првичен третман за ракот на дојката, кој треба да овозможи локална контрола на болеста, како и податоци за евентуално метастаско зафаќање на аксиларните лимфни јазли.

Со хируршката метода се отстранува туморот и аксиларните лимфни јазли.

Хируршките методи можат да бидат радикални и конзервирачки (поштедни).

Порано се изведувале поопсежни хируршки зафати, кои биле мутилантни и со лоши естетски и функционални резултати, а не давале подобра локорегионална контрола на болеста, ниту, пак, подолго преживување.

Радикални хируршки зафати се:

  • суперрадикална мастектомија- Urban,
  • радикална мастектомија – Halsted,
  • модифицирана радикална мастектомија –Patay,
  • модифицирана радикална мастектомија –Madden,
  • проста мастектомија (мастектомија симплекс)

Мастектомијата по Urban и Halsted денес не се користат, бидејќи се мутилантни, а не даваат подобра локорегионална контрола на болеста, ниту подобро севкупно преживување.

Модифицираната радикална мастектомија по Madden се изведува така што се оперативно се отстранува целата дојка и аксиларните лимфни јазли, но со зачувување на големиот пекторален(граден)мускул или со зачувување на обата пекторални мускула. Оваа оперативна метода е со подобри естетски и функционални резултати од ултрасадикалните операции, но не покажала предност во преживувањето и слободниот интервал без метастази.

Во последно време се повеќе се применуваат т.н. конзервирачки (поштедни) операции на дојката, пру кои се зачувува дојката како орган, а се постигнува задоволителна локорегионална контрола на болеста и подобри естетски и функционални резултати. Со постоперативната примена на пресотанатите тераписки методи (радиотерапија, хемотерапија, хормонотерапија) успешно се контрооира системскиот карактер на болеста. Овие поштедни хируршки методи се користат кај помлади жени, кај тумор со големина до 5 см во пречник, кај клинички предоперативно негативни аксилани лимфни јазли, кај тумори со бавен раст, кај тумори кои не ја инфилтрираат кожата. Исто така, овие хирурчки методи се користат и кај постари ќени над 70 години, и ако постојат контраиндикации за радикален хируршки третман.

Како контраиндикации за изведување на конзервирачки операции се наведуваат: тумор поголем од 5 см во пречник, постоење на мултипни тумори во дојката, мултипни калцификации видени на мамографијата, исцедок од брадавката, како и кај предоперативно палпабилни аксиларни лимфни јазли.

Во конзервативни (поштедни) операции спаѓаат:

  • парцијална мастектомија - се отстранува туморот и широката околина од здравото околно тиково, при што настанува видлив деформитет на дојката,
  • кавадрантектомија со аксиларна дисекција – локален радикален третман при кој се остранува туморот и целиот квадрант каде што тој се наоѓал (најмалку 3 см во околното здраво ткиво),
  • лумпектомија со аксиларна дисекција – локален третман со кој се отстранува туморот со околното ткиво во дојката ( 1-2 см во околното здраво ткиво)
  • туморектомија со аксиларна дисекција – локален третман со кој се отстранува само туморот.

Кај сите овие поштедни хируршки методи, покрај отстранувањето на туморот и околното здраво ткиво, се прави и аксиларна лимфаденектомија (тоа е хируршко отстранување на лимфните јазли во пазувата). Аксиларната лимфаденектомија претставува дијагностичка и тераписка процедура. Исто така, по поштедните оперативни третмани следи и постоперативна зрачна терапија.