• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Видови на тумори
Третмански опции Печати
Индекс на артикл
Третмански опции
Хируршки третман
Постоперативна зрачна терапија
Радиотерапија по направена поштедна операција на дојка
Адјувантна системска хемотерапија
Системска терапија
Неоадјувантна хемотерапија
Имунотерапија
Локално напреднат и метастатски рак
Лекување на локален рецидив
Следење
Сите страници

Ракот на дојката не е само локално заболување на дојката, туку системско, кое уште во раните стадиуми на својот развој има сконост кон метастазирање. Се смета дека уште во време на дијагностицирање на болеста, кога таа е локализирана само во дојката, постојат и супклинички метастази, кои неможат да се откријат со постоечките дијагностички постапки. Поради тоа, терапијата на ракот на дојката е мултидисциплинарна. Тоа значи дека, во терапијата се вклучени повеќе онколошки тераписки модалитети. Кој од тие комбинирани модалитети ќе се примени зависи од многу фактори, како што се: стадиумот и градусот на болеста, возраста на пациентката, нејзината општа здравствена состојба и други.

Основни тераписки модалитети кај карциномот на дојката се:

  • хирургија,
  • радиотерапија,
  • хемотерапија,
  • хормонотерапија,
  • имунотерапија и
  • целна терапија.