• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Причинител на дијабетот е белковина? Печати

Настанувањето на дијабетот е предмет на истражување на многу генерации на научници, кои успеале да ги одредат факторите на ризик за оваа болест, но окинувачот за нејзиното настанување останал тајна сè до денес.

Научниците од Чикаго се можеби на добар пат да го разрешат овој проблем кога ја идентификувале и издвоиле белковината која игра клучна улога во развојот на дијабетот. Иако истражувањата за сега се направени само на лабораториски глувци, научниците се уверени дека „виновникот“ - белковината CIC-3 во човечкиот организам се однесува идентично.

Изборот на глувците за вршење на експриментите е оправдан, бидејќи карактерот на болеста, а и многу други биохемиски маркери на дијабетот кај овие животни се многу поблиски со човечките, отколку кај другите експериментални животни.

Експериментите на научниците докажуваат дека во организмот на глувците со дефицит на белковини во клетките, доспеваат само 20% неопходни количини на инсулин.

Вината на оваа белковина е во тоа што, во почетокот панкреасот произведува проинсулин, а неговата трансформација во нормален инсулин би требало да се случи во средина со голема киселост, за која е одговорна токму белковината CIC-3.

Кога научниците во организмот на лабораториските глувци ја блокирале оваа белковина со хемиски средства, киселоста на средината моментално опаднала. „Создавањето на инсулинот се намалува веднаш по падот на нивото на киселоста“ изјавила Dr. Debora Nelson, додавајќи како е потврдено дека дефицитот на белковината влијае и на стварањето на проинсулинот.

Према зборовите на Dr. Debora Nelson, научниците наскоро ќе успеат да создадат лек кој го зголемува нивото на белковини, со што болните ќе добијат шанса да ја прекинат терапијата со секојдневните инекции.

Научниците, исто така, претпоставуваат дека и другите белковини од групата CIC можат да бидат во врска со заболувањата на коскеното и мускулното ткиво.

Во светот има стотина милиони заболени од шеќерна болест, а нивниот број секоја година се зголемува. Дијабетот се вбројува во основните болести на цивилизацијата, а за негово лекување се вложуваат огромни средства.