• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Исхрана на болни со хроничен хепатит Печати

Општи принципи:

Храна со нормални количини на белковини и јагленохидрати, а посиромашна со масти (особено од животинско потекло).

Храна богата со витамини, а никако конзервирана и пикантна храна.

Дозволена храна:

  • млеко,
  • урда, сирење,
  • немасно месо (говедско, телешко, пилешко, јагнешко),
  • немасни риби,
  • белка од јајце,
  • сите видови зеленчук (компир, морков, сладок пипер, домати, млади краставици),
  • овошје од секаков вид (малини, јагоди, портокали, јаболки, грозје итн.)
  • бел леб, бисквити, сахарин, пчелин мед, сладок мармалад.

Недозволена храна:

Храна која содржи голема количина на холестерол: мозок, жолчка од јајце, крезли, бубрези и изнутрици, мрсна риба и мрсно сирење, грав, конзервирана храна, спањак, црни патлиџани, лук, лута, солена и кисела храна.

Алкохол во било која форма.