• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Исхрана на болни со камења во жолчката Печати

Главни принципи:

  • Да нема прејадување и лошо приготвена храна.
  • Штетна храна е онаа која содржи голема количина на холестерол (мозок, жолчка од јајце, масни меса, масни риби, презла, грав).
  • Не е е дозволена конзумација на мајонези, зачинета храна, спањак, расол, многу студени напитоци, сладолед и алкохол.

Дозволена храна:

  • Леб, млеко и сите видови млечни производи, кравјо сирење, урда (подобро од варена форма), ориз, компир (најдобро пире), мед, слатки од секаков вид, овошни сокови.
  • Сите видови овошје и зеленчук.
  • Земање храна богата со витамин Ц.
  • Храната да се конзумира топла и во умерена количина.
  • Од масти се дозволени сончогледово и маслиново масло (и во природен не термички обработен облик во свежа салата).