• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Витамини од Б групата – пантотенска киселина (витамин Б5) Печати

Секој од витамините од Б-комлексот има единствена хемиска структура и специфично делување во организмот. Така на пример, витамините Б1, Б2, Б3 и биотинот учествуваат во различни фази на циклусот на производство на енергија, Витаминот Б6 е важен во метаболизмот на аминокиселините, а Б12 и фолната кислеина учествуваат во процесот на делбата на клетките т.е. во развојот на ткивата. Витамините од Б-комлексот, секако, имаат и цел низ на други функции.

Многу луѓе мислат дека витамините од групата Б делуваат синхроно, како „фамилија“, но тоа не е точно.

Бидејќи витамините од Б-комплексот се наоѓаат во наминриницте од житно потекло (житарици), кои секојдневно се консумираат повеќе пати во денот, малку е веројатно да во нормални околности ќе дојде до некој дефицит. Според тоа, „мега“ дозите од овие витамини (освен при посебни индикации) немаат никаков смисол. Покрај тоа, скоро секој мултивитамински препарат содржи и Б-комплекс.

Пантотенската киселина – витамин Б5

Пантотенската киселина или витаминот Б5, е водорастворлив витамин кој се вбројува во групата на есенцијални хранливи состојки. Тој влегува во составот на сложениот коензим А и е клучен во метаболизмот и синтезата на јагленохидратите, протеините и мастите. Мали количества на пантотенска киселина можат да се најдат во речиси секој тип на храна, а најмногу во житариците, легумините, јајцата и месото.

Зошто е потребен витаминот Б5?

Витаминот Б5 има многу важна улога во организмот. Тој е есенцијален витамин. Овозможува нормален развој на телото, му помага на телото во создавањето на антитела и на тој начин игра важна улога во борбата против инфекциите.

Витаминот Б обезбедува доволно количество на енергија за секоја клетка, преку претварање на јаглехидратите и мастите од храната во гликоза, која е главен енергетски материјал за нашиот организам.

Пантотенската киселина, исто како и коензимот А, делува врз реакцијата на кортикалниот систем врз стресот. Оттаму е познат и како анти-стрес витамин. Го стимулира работењето на цревaтa и помага при тврда столица, го спречува старењето и појавата на брчки.

Која е дневна препорачана доза на витаминот Б5?

Дневната препорачана доза на пантотенска киселина за возрасни е 5 милиграми. Бремените жени и доилките имаат поголема потреба од овој витамин (бремени жени - 6 мг, доилки околу 7 мг).

Земањето на доволно витамин Б5 може да ги намали стресот, заморот и депресијата, инфекциите.

Каде го има витаминот Б5?

Витаминот Б5 го има во многу намирници, во овошјето и зеленчукот, во житариците. Посебно го има во големи количини во сушеното овошје (сушени кајсии и смокви), но и во кикириките, сусамот, оревите, сојата, јајцата, џигерот.