• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Основни витамини за јакнење на имунитетот Печати

Витамините имаат волшебна моќ брз човечкиот организам. Тие се многу важни состојки а одржувањето на здравјето, на расположението,на убавината и се вистински еликсир на виталноста на организмот.

Витамините претставувааат важен енергетски извор кој не само што го одржува здравјето,туку ја одржува и свежината и младешкиот изглед.

Недостатокот на витамини во организмот предизвикува пад на имунитетот, но остава траги и на изгледот на кожата, на косата и на ноктите. Недостатокот на овие, за животот неопходни витамини, лесно е да се забележи на сувата или проблематичната кожа, на безживотната коса, без сјај и со испукани краеви, како и на слабите и кршливи нокти.

Витамините имаат главна улога во процесот на размената на хранливите материи во организмот. Тие не се обновуваат и не се ствараат во организмот, брзо се излачуваат преку телесните течности, па затоа е потребно секојдневно да се внесуваат со исхраната, посебно со овошјето и зеленчукот, а не само со таблети. Најдобар извор на витамини се овошјето и зеленчукот.

Основни витамини

Абецедата на витамините ја сочинуваат следниве витамини: витаминот A (ретинол), витамините од Б групата, витаминот Ц (аскорбинска киселина), витаминот Д (калциферол), витаминот E (токоферол) и витаминот Х (биотин).

Витамин А

Витаминот А е антиоксиданс, го јакне имуниот систем и е неопходен за обновување на кожата, а го спречува и старењето. Витаминот А го спречува развојот на ракот на кожата. Тој и го враќа сјајот и природната убавина на кожата.

Витаминот А игра клучна улога во растот и развојот на кожата и овозможува репарирање на оштетувањата настанати од УВ зрачење. Долгото изложување на сонце може да предизвика уништување на витаминот А во кожата, поради што може да дојде до негов недостиг во кожата. Како последица на тоа, се јавуваат темни флеки, брчки, лупење на кожата и, во најлош случај, појавува на преканцерозни лезии.

Иако резултатите од истражувањата ја докажале важната улога на витаминот А во одржувањето на зравјето на кожата, како и во превенцијата на кожниот карцином, механизомот на делување, како и формата на витаминот која би дала надобри резултати, не се разјаснети. Затоа, витаминот А најдобро е да се внесува со храна, која го содржи овој витамин.

Проблеми со видот може да настанат поради долготраен недостаток на витамин А. Овој витамин се наоѓа во многу намирници, како во јајцата, млекото, сирењето и месото, но го има и во скоро сите видови на овошје и зеленчук.

Витамини од групата Б

Витамините од групата Б се исклучително важни за здравјето на кожата, на косата, на ноктите, но многу се важни и за одржување на здравјето на нервниот систем. Помагаат во стварањето на антитела кои не штитат од инфекции. Недостатокот на витамини од групата Б предизвикува промени на кожата, на слузницата, оток на јазикот и испукани усни. Често при недостаток на витамини од групата Б се јавува и пореметување на сонот, депресија, нервоза и вознемиреност.

Витамините од групата Б ги има во пченичните р`кулци, во интегралните житарици, во зрелите мушункасти плодови, во рибата, бананите.

Витамин Ц

Најјак антиоксиданс е секако витаминот Ц, кој го зајакнува имунолошкиот систем на организмот. Витаминот Ц има повеќратни дејства, ствара отпорност према стрес, клучен е за апсорпцијата на железото, ги јакне коските, мускулите и забите, ги намалува воспалителните процеси. Овој витамин се препорачува како превентива, но и за побрзо заздравување од болести, бидејќи ја враќа енергијата и имунитетот. Малаксаноста, заморот, бавното зараснување на раните, крварењето од непцата и анемијата укажуваат на недостаток на витаминот Ц.

Природни извори на витамин Ц се: лимонот, портокалите, кивите, јаболката, малините, боровниците, купусот, пиперката, кељот и др.

Витамин Д

Правилниот метаболизам на калициумот и фосфорот го потпомага витаминот Д. Овој витамин е многу важен за коските. Тој игра важна улога во апсорпцијата на калциумот и во одржувањето на здравите коски.

Витаминот Д се создава со изложување на кожата на сонце. Човечкото битие добива 90% од своите потреби за витаминот Д од сончевата светлина. Животот се повеќе се концентрира на активности врзани за затворени простори и при тоа предизвикува помала изложеност на организмот на сончева светлина. Тоа доведува до недостаток на витаминот Д, а со тоа и до поголем ризик од развој на остеопроза.

Луѓето кои живеат во региони каде има долги зимски периоди, како и постарите лица потребно е да внесуваат витамин Д во вид на суплементи.

Дневните дози на витамин Д се 400 до 800 интернационални единици.

Сепак, не се препорачува внесување на витамин Д во големи дози.

Витамин Е

Витаминот Е е уште еден незаменлив антиоксиданс. Тој е делотворен во борбата против старењето на целиот организам. Ја враќа еластичноста на кожата, ја подмладува, ја штити од изгореници, и ја штити од појава на рак.

Витаминот Е им се препорачува на пушачите, на дијабетичарите, на срцевитге болни. Го има во маслиновото масло, во оревите, бадемите, зелениот зеленчук.

Биотин или витамин Х

Биотинот или витаминот Х го регулира произведувањето на масти во лојните жлезди. Недостатокот на овој витамин предизвикува себореја–првут и масна кожа. Овој витамин го има во мешункастиот зеленчук, во шолчката од јајцето, во овесните снегулки и др.