• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Болка
Болка при примена на хемотерапија - Лист 2 Печати
Индекс на артикл
Болка при примена на хемотерапија
Болка при примена на други терапии
Сите страници

Болка предизвикана од хормонска терапија

ЛХРХ агонистите можат да предивикаат болки во коските и мускулите, кои добро се купираат со парацетамол или нестероидни антиреуматици. Антиандрогените (flutamid, ciproteron acetat) можат да предизвикаат болна гинекомастија (зголемување на градите).

Болка предизвикана од имунотерапија

Интерферонот кај повеќето пациенти предизвикува состојба слична на грип, вклучувајќи ги тука и болките во коските и мускулите, кои ефикасно се ублажуваат со примена на парацетамол или антиреуматици, кои често се даваат и профилактично.

Болка предизвикана од супортивна терапија

Filgrastim (neupogen- хематопоетски фактор на раст, GCSF), кој се ординира кај фебрилна неутропенија или нагласена гранулоцитопенија (намален број на бели крвни зрнца) кај болни со зголемен ризик од инфекција. Неупогенот кај 20% од пациентите предизвикува болки во коските, а поретко состојби слични на грип.

Лекувањето се состои од примена на НСАИЛ.

Болка предизвикана од радиотерапија

Радиотерапијата е локална терапија и нејзините токсични несакани ефекти зависат од тоа кој дел од телото се озрачува. Како профилактична терапија, за спречување на несаканите ефекти од радиотерапијата се применуваат: кортикостероиди при зрачење на мозокот, антиеметици (лекови против повраќање) при зрачење на абдоменот.

Акутна болка предизвикана од радиотерапијата

  • стоматит,
  • радијациски езофагит,
  • акутен радијациски гастроентерит и проктоколит,
  • акутна кожна токсичност
  • радијациска (субакутна) мијелопатија

Радијациски езофагит

Се јавува најчесто по 10-12 дена од почетокот на радиотерапијата, а се манифестира со болно, отежнато голтање. Овие симптоми се поизразени доколку истовремено се спроведува и хемотерапија.

Терапијата на радијацискиот езофагит се состои од давање на: кортикостероиди, антагонисти на H2 рецепторите и антациди. Ретко е потребна пауза во зрачниот третман.

Акутен радијациски гастроентерит и проктоколит

Се манифестира со болки во епигастриумот, мачнина, гадење, повраќање, пролив, грчеви во стомакот, а поретко и со крварење. Симптомите обично се најинтензивни во текот на 4 та недела од радиотерапијата. Лекувањето се состои од примена на: антиеметици, антидијароици, спазмолитици, а при силно изразени симптоми се препорачува и пауза во зрачниот третман.